fbpx

Уставните измени добија зелено светло од Комисијата

-

Комисијата за уставни прашања денеска даде зелено светло за уставните измени. Членовите на комисијата гласаа за дефинирање на бракот само како заедница меѓу еден маж и една жена, основање на меѓународни финансиски зони, Народната банка да се преименува во Централна банка на РМ, во фискалната политика дефицитот е проектиран најмногу на 3 проценти, а јавниот долг на 60 проценти од БДП при носењето на годишниот буџет. Откако ќе се изгласаат измените во Судскиот совет, министерот за правда и првиот човек на Врховниот суд нема да се членови по функција, и се создава можност за тужба и за жалба пред Уставниот суд, а ДРЗ се дефинира како самостоен и независен орган.

На дебатата за дефинирањето на бракот само како заедница меѓу еден маж и една жена, пратеникот од ДПА, Имер Алиу кажа дека има многу поголеми проблеми од бракот и дека власта, наместо со приоритетите, се занимава со маргинални теми.

– Се однесувате како хомосексуалците да чекаат ред пред државните институции за да склучат брак – рече Имер Алиу.

Ромео Тренев од ВМРО-ДПМНЕ на ова му одговори дека е уверен дека повеќе од 95 процентиод граѓаните во РМ го делат ставот кој стои како уставен амандман.

Заменик-министерката за правда, Биљана Бришкоска-Бошкоски, рече дека функционирањето на меѓународните финансиски зони ќе биде уредено со закони што ги исполнуваат највисоките стандарди. Како што појасни Бришкоска-Бочкоски, за овој амандман ставовите се усогласени со Брисел.

За владејачката ВМРО- ДПМНЕ, меѓународните финансиски зони значат можност за влез на нов капитал и за намалување на невработеноста.

Според пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, сите сегашни критичари на оваа уставна измена ќе го сменат своето мислење кога ќе се соочат со функционирањето на зоните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...