fbpx

Груевски: Ве поканивме за да аргументирате, а не за да одложите

-

Дебатата за законот за високо образование почна во Собранието на Република Македонија, но во неа не учествуваат професорите од „Професорски пленум“ и членовите на „Студентски пленум“.

Претходно, по барање на професорите, премиерот Никола Груевски ја префрли дебатата од хотелот „Александар палас“ во Собранието на Република Македонија.

Премиерот Никола Груевски рече дека се надева дека на дебатата за законот за високо образование, која сè уште се одвива, ќе има конструктивни забелешки и предлози и дека Владата и Министерството за образование и наука се целосно отворени да ги слушнат сите забелешки.

– Сè што е аргументирано, бидете сигурни дека ние ќе го прифатиме. Ние имаме цел да имаме квалитетен закон, да имаме студенти со поголемо знаење и поуспешни професори. Овие измени опфаќаат две работи и двете се во правец на зголемување на знаењето. Едните во правец на зголемување на знаењето кај студентите со воведување државен испит, а вторите во правец на зголемување на научниот труд и работа на професорите преку воведувањето минимални норми за објавување научни трудови, но во релевантни научни списанија – рече Груевски.

Тој додаде дека знаеле дека поголемиот дел од професорите нема да се согласат со овие промени затоа што на краток рок се руши комодитетот и се менуваат навики.

Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, рече дека ставот на Универзотот е дека би било добро ако се најде можност да се даде еден поголем простор за поголема дебата и предложи да се донесе нов закон за високо образование.

– Оваа измена е 15. измена за шест години и можеби треба да се размисли дека е време да се донесе нов закон за високо образование со имплементација на сите досегашни измени и за кој би се оставило еден малку подолг период за дебата. Мисијата на сите ни е иста, да дојдеме до поквалитететен студент и до поквалитетно образование, а за тоа е потребна поопширна и потемелна дебата. Сè што ќе се направи во системот на високото образование ќе се врати како бумеранг во една или во друга сфера. Ги подржуваме сите промени што се во насока на подобрување на квалитетот, но бараме еден подолг простор за дебата со оглед на тоа дека имаме 130 страници забелешки – рече Стојковски.

На ова премиерот Груевски му реплицираше дека е несериозно да се бара одложување затоа што дебатата трае од октомври.

– Дебатата трае од октомври, ние свесно во октомври објавиме што планираме и потоа министерот испрати писмо што планира да се промени. Не знам дали за некој закон имало поголема дебата. Можеби законот за медиуми и овој закон се со најдолга дебата од независноста на Република Македонија. Дебата имаме постојано. И јавното излегување во медиумите на професори, на студенти, на министри, на заменици-министри, на ректори и тоа е дебата. Ние имаме сè грижливо напишано, секој што кажал како аргумент, не како навреда или празна критика. И имаме одговор за сè. Дел ни е прифатливо, дел ни е делумно прифатиливо и имаме аргументи зошто ни е делумно прифатливо и дел не е прифатливо за што имаме цврсти аргументи. Ние денеска ве поканивме да дебатираме со аргументи, а не да се договориме да одложиме. По толку месеци, да дојдете на дебата и да барате да ја одложиме е несериозно – рече Груевски.

Ректорот на универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика, предложи да има два професори што ќе даваат оценка на студентите, а Аце Миленковски, ректорот на Факултетот за туризам и менаџмент, рече дека надворешната евалуација на студентите е потребна и дека за овој факултет измените се прифатливи.

Дебатата сè уште трае.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...