Адеми: Ќе бидат прифатени предлози во вид на амандмани од пратеничките групи

-

До крај ќе се залагам за да се стави крај на негативните појави во образованието затоа што наша одговорност е да обезбедиме квалитетно образование за здраво општество и за европска визија на нашата држава. Се надевам дека за ова ќе имам подршка и од вас, академската заедница, истакна министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на јавната дебата што се одржа во Собранието за предложените реформи во високото образование.

– Когаодлучивме да предложиме измени, се водивме од неколку начела и затоа предложивме државниот испит да го спроведува Одборот за акредитација и евалуација, тело кое во иднина ќе брои единаесет члена и ќе биде избрано од Собранието и тело кое врши акредитација и евалуација на студиските програми на јавните и на приватните високообразовни институции во Република Македонија – рече Адеми.

Тој додаде дека додека за законот се дебатираше во Собранието, од неколку универзитети и студентски организации пристигнале и конкретни предлози за усогласување на студиските програми на високообразованите институции со студиските програми на најдобро рангирани универзитети во светот по области, како и конкретни предлози за државниот испит.

Адеми рече дека доколку има предлози во вид на амандмани од страна на пратеничките групи, истите ќе бидат прифатени.

Професорката Тања Каракамишева изјави дека со две раце ќе го потпише Законот за високо образование и дека, според неа, треба да има нова институција за високо образование затоа што високото се разликува од образованието на средношколците и на основците.

– Да бев јас на власт, би била и поригорозна, затоа што дел од професорите своето време го поминуваат на кафе, но не и во универзитетите каде што би требало да бидат и за што земаат пари – вели Каракамишева.

Таа за своите колеги од „Професорски пленум“ рече дека ако сакаат некакви промени, треба да бидат во кругот на институциите, а не да демонстрираат на улица. Тие, според Каракамишева, се аздисани и власта е премногу блага кон нив.

Над 1000 деца од Тетово уживаа во изведба на бајката „Петар и волкот“ на два јазика

Над 1000 деца од Тетово уживаа во двете изведби на симфониската бајка „Петар и волкот“ на македонски и албански јазик. Националната установа „Музички Ансамбл” Тетово го реализираше вториот проект...