fbpx

Иванов: И Исус и Мухамед да се јават сега во Македонија – ќе ги убијат

Модераторот на панелот на денешниот самит на процесот „Брдо-Бриони“ во Сараево му поставил прашање на претседателот Ѓорге Иванов „Како Александар Македонски денеска би се снашол во бизнисот во Македонија,“ на што тој одговори дека ќе ја промени приказната и ќе одговори дека „и Исус Христос...

Иванов: Ги истрошивме сите ресурси за мигрантите во иднина ќе треба помош

Претседателот Ѓорге Иванов при учеството на самитот „Брдо-Бриони процесот“ во Сараево истакнал дека како држава ги истрошивме сите наши ресурси за справување со мигрантите и дека во иднина очекува помош и поддршка. - Армијата и полицијата ги користат буџетските средства кои се однесуваат на безбедносниот аспект...

Гарет: За еднаквост пред законот потребно е целосно поништување на аболицијата

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет на својот профил на „Твитер“ напиша дека за да бидат сите еднакви пред законот, потребно е поништување на аболицијата за сите 56 лица.   https://twitter.com/BritAmbCGarrett/status/736833172126715904 Поддршка за целосно, а не парцијално поништување на аболицијата дадоа и Европската унија и американската амбасада во Македонија. Претседателот, Ѓорге Иванов...

Крајно време е за завршен удар, порачаа демонстрантите

Забавата „Информативен разговор“ наместо пред полициската станица „Беко“ се одржа на крстосницата пред зградата „Палома Бјанка“, бидејќи безбедносните сили ги спречија граѓаните да дојдат до пред полициската станица, која од сите страни беше опколена. На забавата учесниците на протестот пред полицајците палеа факели, играа и пееја. Претходно...

Вечерва протест на „Шарената револуција“ и забава „Информативен разговор“

Протести на „Шарената револуција“ во 18 часот и забава насловена „Информативен разговор“ пред полициската станица „Беко“ во 20 часот ќе се случуваат вечерва во Скопје. Од граѓанското здружение „Протестирам“ порачуваат дека парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаат и нема да дозволат „поигрување на претседателот со правдата“....

Бегалците од Идомени се преселија на автопатот околу Евзони

Бегалците од кампот на македонско-грчката граница кои одбија да заминат во организираните бегалски центри најдоа засолниште на празните простори околу автопатот кон Солун. Илјадници луѓе сега со своите шатори се сместени на просторот на напуштени бензински пумпи околу Идомени, пред граничниот премин Евзони, во две...

„Шарена револуција“: Селективната правда е неправда

Полициски сили, меѓу кои и припадници на специјалните единици го блокираа пристапот околу Собранието од сите страни и не им дозволија на демонстрантите вечерва да се приближат, за да не можат да фрлаат боја со катапултот. За разлика од претходните деновите кога полицијата беше во...

„Протестирам“: Не прифаќаме парцијално повлекување на аболицијата

Граѓанското движење „Протестирам“ денеска порача дека не прифаќа половично повлекување на аболицијата и оти ќе продолжат да протестираат на улиците. „Не запираме! Парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаме! Половична правда е неправда! Нема да запреме додека не се повлече аболицијата целосно. Не неколку, туку сите...

Иванов во 15.15 часот ќе им се обрати на граѓаните

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска во 15.15 часот ќе има обраќање до граѓаните на Република Македонија, соопштија попладнево од неговиот кабинет. Во најавата од кабинетот на Иванов не е наведено што ќе биде тема на обраќањето, но се очекува тоа да биде во врска...

Собраниската комисија ќе расправа дали да се формира комисија за отповикување на Иванов

Денеска на седница на комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да се одржи во 13 часот, пратениците ќе расправаат за предлог-одлуката за основање на Комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на...

Хајндл: Не ја исклучувам можноста од последици за оние што ќе ги попречуваат промените

Договорот од Пржино и натаму е добра основа за изнаоѓање на решение за кризата во Македонија, вели во интервју за „Дојче Веле“, специјалниот пратеник на германскиот шеф на дипломатијата, Јоханес Хајндл, и додава дека „априлската амнестија за политичарите на претседателот Ѓорге Иванов ги поткопа...

Хан не му верува на Иванов и ќе бара меѓународна проверка на избирачкиот список

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска на брифинг со новинарите во Брисел соопштил дека иницирал формирање меѓународно независно тело кое ќе помогне во прочистување на избирачкиот список. - Мислам дека ни треба на европско ниво, независна и кредибилна структура што ќе даде оценка за избирачкиот...

Пломп: Од политичките лидери се очекуваат одлуки прифатливи за граѓаните

Верувам дека политичките лидери ќе донесат разумни политички одлуки, прифатливи за македонските граѓани, кои како гласачи секако ќе го имаат последниот збор, рече Вилем Вaутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Македонија. Пломп смета дека брзото решение е од огромен интерес и за Македонија и...

Бегалскиот камп кај Идомени е целосно испразнет

Бегалскиот камп кај Идомени е целосно празен. Мирно и без проблеми заврши тридневната полициска акција. Околу 4.000 бегалци овие три дена се преселени во бегалски центри во Солун, Кукуш и Пиреја. Во вторникот беа пренесени нешто повеќе од 2.000 бегалци, а вчера 1.006 луѓе. Неизвесно е...

ССНМ и ЗНМ чекаат средба во „Телма“ за да изреагираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) се уште нема никаква официјална информација за отпуштањето на новинари во телевизијата „Телма“. Од ССНМ велат дека не биле консултирани за одлуката со која за технолошки вишок се прогласени 12 новинари и најавуваат средба со директорот и...

СДСМ: Менаџментот на телевизија „Телма“ да ја преиспита својата одлука

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ја прими веста дека 12 вработени во телевизија „Телма“ се прогласени за технолошки вишок, со одлука на менаџментот на овој медиум - се вели во соопштението на СДСМ. Понатаму се додава дека „менаџментот на телевизијата, како раководство на угледен,...

Дванаесет новинари во „Телма“ прогласени за технолошки вишок

Дванаесет вработени во „Телма“, со одлука на раководството, денеска се прогласени за технолошки вишок, јавува „Плусинфо“. Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска-Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната...

Во петок пред полициската станица „Беко“ ќе има забава наречена „Информативен разговор“

Во петок навечер во 21 часот пред полициската станица „Беко“ ќе се организира забава насловена како „Информативен разговор“. Настанот е креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Откако стапи на функцијата министер за внатрешни работи, нашиот ценет Митко Чавков се отвори кон граѓаните за информации. Човек учи додека...

Заев: Груевски и Ахмети го убија Договорот од Пржино

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на промоција на книга на Нано Ружин изјави дека Договорот од Пржино е погребан затоа Никола Груевски и Али Ахмети донеле еднострана одлука, јави „Телма“. - Договорот од Пржино е мртов бидејќи најсериозната карика од овој договор е организирање...

Најчевска: Ги фативме како краделе и убивале, па сакаат да не запрат да бараме одговорност

Признав дека фрлав боја и изјавив дека не се чувствувам виновна за тоа што сум го сторила, рече по краткиот информативен разговор, во полициската станица „Беко“, Уранија Пировска, Извршна директорка на Хелсиншкиот комитет. - Сметам дека тоа е мое право како граѓанка на оваа држава да...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...