fbpx

Хан не му верува на Иванов и ќе бара меѓународна проверка на избирачкиот список

-

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска на брифинг со новинарите во Брисел соопштил дека иницирал формирање меѓународно независно тело кое ќе помогне во прочистување на избирачкиот список.

– Мислам дека ни треба на европско ниво, независна и кредибилна структура што ќе даде оценка за избирачкиот список и неговиот квалитет пред изборниот ден. Она што го видовме во БЈР Македонија е дискусија без крај за квалитетот на гласачката листа. Постојат ОДИХР и други кои оценуваат како изборите се спроведени, но ова се извештаи по изборите. Со цел да се избегне сета дискусија пред изборите, добро и потребно е според мене да се има меѓународна институција, прифатлива за сите, да го провери избирачкиот список пред изборите, па тогаш да може да се одржат веродостојни избори – вели Хан.

Еврокомесарот сепак рекол дека потребата за вакво тело е негово лично мислење и оти за тоа допрва ќе треба да се разговара. Тој истакнал дека во моментов не постои одговорност за квалитетот на избирачкиот список и оти ниту една институција во државата не е доволна за тоа.

Хан ја повторил важноста на Специјалното обвинителство и ја критикувал одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за сопирање на судските процеси против политичарите и нивните соработници. Говорејќи за измените на Законот за помилување, Хан рекол дека Иванов ги убедувал оти нема ја користи можност за помилување на лица обвинети за изборен криминал. Со тоа што го погазил ветувањето, според Хан, Иванов го урнал и својот кредибилитет.

Коментирајќи ја изјавата на Иванов дека повторно би аболирал политичари, Хан рече дека ЕУ не може со сила никого да натераат да направи нешто, но дека таквите одлуки ќе имаат последици.

Хан исто така рекол дека за ЕУ е неприфатливо да има помилување, бидејќи со тоа се попречува работата на СЈО.

„Во моментов за ЕУ е важно да има разјаснување на Законот за помилување кој удри по работата на СЈО, бидејќи како тоа ќе истражува случаи кога луѓето се помилувани. Тоа е смешно – рече Хан.

Еврокомесарот посочи дека поранешниот премиер, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му ветил дека лица кои се нашле на листата на аболирани нема да бидат членови на Владата.

– Сега уште еднаш, мора да видиме и оцениме како сето тоа ќе се имплементира и затоа договорот од јуни и јули од лани е се уште валиден – рекол Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...