fbpx

ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се впишани во Избирачкиот список

Граѓаните можат да извршат увид во своите податоци по електронски пат, на https://www.sec.mk/ или https://izbirackispisok.gov.mk/, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК

-

Државната изборна комисија (ДИК) ги повика сите граѓани на Република Северна Македонија да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список.

Граѓаните можат да извршат увид во своите податоци по електронски пат, на https://www.sec.mk/ или https://izbirackispisok.gov.mk/, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Барањето за бришење, запишување или промена на податоци во Избирачкиот список се поднесува лично, преку писмен поднесок во подрачното одделение или канцеларија на Државната изборна  комисија согласно подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК на [email protected].

Барањето се поднесува на следниве обрасци: https://docs.google.com/document/d/129cLE_2Ik-4SwVb_7pzJG3GAWMNEZXNF/edit, https://docs.google.com/document/d/19AlOpqhYylio1qb8TbvSNwpXFtBq6Nsj/edit или https://docs.google.com/document/d/1eSP9vHXCJfsdvCr__ARSUkECMm8BCwGP/edit и со него се приложуваат потребните документи – копија од лична карта или пасош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...