Напаѓачот на универзитетот во Прага преку писмо признал дека претходно убил бебе и татко

Балистичката анализа покажала дека пиштолот користен во шумата бил идентичен со пиштолот пронајден во домот на напаѓачот на универзитетот

-

Напаѓачот кој уби 14 лица на универзитет во Прага, пред да се самоубие, оставил писмо со кое признал дека извршил убиство на татко и негово двомесечно бебе, само неколку дена пред масовното пукање, соопшти Гардијан. 

Минатата недела, 24-годишниот студент, Дејвид Козак, пукаше во Карловиот универзитет во Прага – тој уби 14 луѓе, а рани повеќе од 20.

Полицајците пристигнале на универзитетот по само неколку минути од пукањето бидејќи го барале напаѓачот, откако тој на негова пријателка ѝ испратил порака во која вели дека ќе си го одземе животот. Полицијата се упатила кон куќата на неговото семејство, каде го пронашле убиен таткото на осомничениот. Потоа се упатиле кон кампусот на кој имал предавања, но вооружениот напаѓач го извршил нападот на друг кампус во центарот на градот, а потоа се самоубил.

Началникот на градската полиција, Мартин Вондрашек, го опиша масовното пукање како „добро обмислен, ужасен чин“ и рече дека се верува дека осомничениот го убил својот татко пред нападот во универзитетот.

Денес полицијата соопшти дека пронашла писмо во домот на Козак во селото Хостоун, во близина на Прага, во кое се чини дека признава убиство на новороденче и татко во шума во источната периферија на главниот град.

„Можам да потврдам дека најдовме писмо во Хостоун во кое стрелецот на универзитетот го призна убиството во шумата Клановицки“, изјавил портпарол на чешката полиција за Гардијан.

Козак, за кој полицијата рече дека се самоубил додека бил опкружен, сега се верува дека е одговорен за убиствата на 17 луѓе. Според портпаролот, сите докази укажуваат на него.

Властите претходно го идентификуваа Козак како потенцијален осомничен за убиствата во шумата, откако 32-годишниот татко и неговата ќерка беа пронајдени мртви од прострелни рани во средината на декември.

Минатата недела полицијата соопшти дека има докази кои се чини дека го поврзуваат Козак со двојното убиство

„Балистичката анализа покажа дека пиштолот користен во шумата бил идентичен со пиштолот пронајден во домот на напаѓачот од универзитетот“, соопшти полицијата на сочијалната мрежа X.

Чешката полиција не го соопшти можниот мотив за убиствата, наведувајќи дека истрагата е во тек.

Со оглед на тоа што многу луѓе сè уште се тагуваат по убиствата, министерот за внатрешни работи на земјата рекол дека советува општините да се откажат од планови за новогодишен огномет.

„Пред неколку дена доживеавме два акта на насилство со пукање. Најмалку што можеме да направиме за оние кои беа болно погодени од овие настани е да не ја зголемиме нивната нервоза ниту да ја продлабочиме траумата што ја остави насилството“, напиша вчера Вит Ракушан, министерот за внатрешни работи на социјалните мрежи.

ИзворThe Guardian

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...