недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Прага | 18 резултати

Пукање во Прага, има загинати и повредени лица

декември 21, 2023

Чешката полиција соопшти дека неколку лица се убиени, а десетици се повредени во пукањето што попладнево се случило во центарот на Прага, јавува Би-би-си. Пукањето се случило кај Карловиот универзитет во Прага, при што полицијата соопшти дека напаѓачот е елиминиран и дека универзитетската зграда е евакуирана. Нападот се случил на универзитетот лоциран на плоштадот Јан […]

Европската политичка заедница во зародиш, во Прага денеска се одржува првиот состанок

октомври 6, 2022

Идејата за создавање на Европска политичка заедница, која што беше за првпат соопштена во мај годинава од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, добива своја практична реализација со одржувањето на првиот состанок денеска во Прага. Лидерите на 44 земји од европскиот континент, со исклучок на Русија и Белорусија, ќе се соберат на состанок за да […]

Русија прогласи македонски дипломат за „персона нон грата“

октомври 4, 2021

В.Д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството. Како што е наведено во соопштението на руското МНР, вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“. Од руското МНР велат […]

За 50 милиони евра биле купени 15 амбасади и конзулати на лоши локации

мај 9, 2018

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски на денешната прес-конференција обелодени дека во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, биле направени огромни злоупотреби при купување и реконструкции на објекти за амбасади, конзулати и резиденци во Виена, Прага, Будимпешта, Љубљана и Истанбул. Тоа е утврдено со  увид во документацијата за купување на објектите за дипломатско-конзуларни […]

Срби и Македонци во Чешка одгледувале марихуана вредна два милиона евра

јули 18, 2017

Во голема рација во Прага и во централниот дел на Чешка се уапсени 16 луѓе, најголем дел Срби и Македонци, кои направиле 11 модерни плантажи на марихуана во затворени простории. Чешката полиција во акцијата запленила повеќе од 7.000 стебла марихуана, која на црниот пазар би достигнала цена од околу два милиони евра, јавија чешките медиуми. Како што […]

Ангела Меркел во Чешка избегнала можен атентат

август 26, 2016

Чешката полиција уапсила вооружен маж кој се обидел да се вклучи во автомобилската придружба на Ангела Меркел за време на нејзината посета на Прага. Британски „Мирор“ пишува дека е можно германската канцеларка да избегнала атентат. Полицијата го запрела вооружениот маж, кој возел автомобил марка „мерцедес“. Локалните медиуми наведуваат дека во неговиот автомобил се пронајдени палка, солзавец, […]

Се обновува редовната авиолинија Скопје-Прага

мај 20, 2016

„Чех ерланјс“ ќе лета Скопје-Прага-Скопје двапати неделно со што по пауза од четири години се обновува редовната линија. Летовите од Скопје ќе бидат понеделник и петок во раните утрински часови, а од Прага се четврток и недела, навечер. Од 28 јуни компанијата ќе додаде уште еден термин така што фрекфенцијата до и од претстолнината на […]

Спасовски утре на состанок на Вишеградската четворка за мигрантската криза

јануари 18, 2016

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, утре патува за Прага, Република Чешка, каде ќе учествува на состанокот на Вишеградска четворка, која ја сочинуваат Чешка, Унгарија, Словачка и Полска, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). На состанокот, покрај македонскиот, поканети се и министрите за внатрешни работи на Словенија, Хрватска и на Србија. Како што информираат […]

„Чех ерлајнс“ ќе лета Скопје – Прага од 20 мај 2016 година

декември 10, 2015

„Чех ерлајнс“ (CSA) ќе почне со летови на линијата Скопје – Прага од 20 мај 2016 година и ќе лета двапати неделно кон аеродромот „Александар Велики“. Редот на летање е направен да одговара на македонските деловни и туристички патници кои патуваат во Прага, односно Чешка. – Авиокомпанијата „Чех ерлајнс“ оваа линија успешно ја опслужуваше од 2005 […]

Почна академската година на Институтот за филм во Охрид

ноември 4, 2015

Во Охрид официјално почна академската година на новоформираниот Институт за филм – Филмска академија. Наставата на постдипломските студии, на катедрите за сценаристика и за драматургија и за креативна продукција, ја следат 13 домашни и странски студенти, кои целосно се стипендирани од Владата. Институтот е резултат на повеќегодишна соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Владата на […]

Концерт на Крсте Бадаровски во Прага

декември 19, 2014

Вечер во палатата „Палфи“ во Прага, македонскиот пијанист Крсте Бадаровски, кој живее и работи во Чешка,  ќе одржи концерт. Ќе бидат изведени дела од чешка и од македонска класична музика. Концертот е по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Чешката Република. Бадаровски досега има настапувано во Чешка, Италија, Србија, […]

Мајкл Даглас снима филм во Прага

декември 9, 2014

Актерот и оскаровец Мајкл Даглас веќе неколку дена престојува во Прага. Целта на посетата е новиот филм со работен наслов „Отклучено“, во кој тој ја има главната улога. Во филмот, Даглас е агент на ЦИА, а дејството се одвива во Лондон, на кој му се заканува терористички напад со биолошко оружје. Во овој филм глумат и Орландо Блум […]

Ирена Паскали изложува во престижната галерија на Чешкиот центар во Прага

ноември 28, 2014

Охриѓанката Ирена Паскали, која подолго време живее и работи во Скопје и во Келн, од вчеравечер изложува во престижната галерија на Чешкиот центар во Прага, заедно со уште дваесетина македонски ликовни уметници. Презентацијата, под наслов „Трансфигурирање“, ја постави Националната галерија на Македонија, по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република. Македонската […]

Охрид на саем за туризам во Прага

ноември 10, 2014

Македонскиот туристички и прв летен културен центар Охрид, од денеска се претставува на саем за туризам во Прага, Република Чешка. Презентацијата на туристичката понуда на Охрид наменетеа е, пред сè, за чешките тур-оператори, а ќе биде претставено културно-историското наследство, традиционалната храна, сместувачките капацитети и целокупната понуда на градот. На саемот се присутни претставници на сите […]

Страна 1 од 1