fbpx

Најчевска: Ги фативме како краделе и убивале, па сакаат да не запрат да бараме одговорност

-

Признав дека фрлав боја и изјавив дека не се чувствувам виновна за тоа што сум го сторила, рече по краткиот информативен разговор, во полициската станица „Беко“, Уранија Пировска, Извршна директорка на Хелсиншкиот комитет.

– Сметам дека тоа е мое право како граѓанка на оваа држава да го изразам револтот за тоа што ми се случува во државата и за политиките на оваа криминална власт. Одбив да го потпишам платниот налог, понатаму ќе тече постапката. Не ми беа покажани никакви снимки, не се обидоа на некаков начин да ме испрашуваат и да ми бараат податоци за другите кои фрлале боја – рече Пировска.

Таа изјави дека на почетокот на разговорот на инспекторите им посочила за селективно постапување со демонстрантите од различни групи.

– Ги потсетив за протестите што се случија пред општина Центар, за кој настан ниту еден од учесниците не беше повикан на разговор ниту, пак, трпеа било какви санкции. Исто така адвокатот ги потсети за настанот пред „Порта Македонија“ кога демонстрантка беше нападната од непознато лице, но се уште нема истрага – рече Пировска, додавајќи дека е несоодветно за прекрошок лицата да бидат повикувани на полициски разговор.

Професорката Мирјана Најчевска рече дека таа нема да оди на разговор, туку нејзиниот адвокат.

– Министри од власта, краделе, мамеле, лажеле, убивале. Ние ги фативме на дело и заради тоа се обидуваат да ги корумпираат сите правосудни органи, полицијата, судовите, Уставниот суд. Се обидуваат да ги запрат граѓаните во барањето одговорност за секој кој направил криминално дело – рече Најчевска.

Таа рече дека ќе испрати писмо до Министерството за култура со кое ќе побара да и се признаат авторските права за боењето на спомениците од „Скопје 2014“.

– Поради тоа што не ме прашаа кога го правеа, јас одлучив да го разубавам просторот каде што живеам – рече Најчевска.

Пировска информираше и дека уште две нивни „соборки“ се повикани на информативен разговор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...