Верувам дека политичките лидери ќе донесат разумни политички одлуки, прифатливи за македонските граѓани, кои како гласачи секако ќе го имаат последниот збор, рече Вилем Вaутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Македонија.
Пломп смета дека брзото решение е од огромен интерес и за Македонија и за Холандија. Ние сакаме во земјата да има стабилна политичка клима, затоа ги повикувам холандските гости без размислување да патуваат за Македонија.
– Дефинитивно ги повикувам холандските гости да продолжат да доаѓаат во Македонија, а во исто време ја повторувам мојата порака, политичките лидери во Скопје да изнајдат решение за политичката криза и итно да продолжат со приоритетните реформи – изјави Пломп.
Холандскиот амбасадор, заедно со охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, денеска положи цвеќе на споменикот на познатиот холандски писател и новинар, А. ден Долард.