Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) се уште нема никаква официјална информација за отпуштањето на новинари во телевизијата „Телма“.

Од ССНМ велат дека не биле консултирани за одлуката со која за технолошки вишок се прогласени 12 новинари и најавуваат средба со директорот и главен уредник на телевизијата Атанас Кировски.

Неофицијално, Синдикатот ќе бара на овие луѓе да им биде понудено друго работно место во телевизијата за да може, како што велат, нивниот капацитет да се искористи во „Телма“.

За реакција го побаравме и Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија, но на неговиот телефон се јави ќерка му која ни рече дека татко и е зафатен и дека ќе не побара подоцна.