Британскиот амбасадор Чарлс Гарет на својот профил на „Твитер“ напиша дека за да бидат сите еднакви пред законот, потребно е поништување на аболицијата за сите 56 лица.
За еднаквост пред законот, потребно е 56/56. #помилување
— Charles Garrett (@BritAmbCGarrett) May 29, 2016
Поддршка за целосно, а не парцијално поништување на аболицијата дадоа и Европската унија и американската амбасада во Македонија.
Претседателот, Ѓорге Иванов ги поништи помилувањата за политичарите, односно за 22 лица од вкупно 56, колку што беа аболирани на 12 април. Другите, кои не се опфатени со денешната одлука, имаат можност да поднесат лични барања за повлекување на помилувањето.