fbpx

Крајно време е за завршен удар, порачаа демонстрантите

-

Забавата „Информативен разговор“ наместо пред полициската станица „Беко“ се одржа на крстосницата пред зградата „Палома Бјанка“, бидејќи безбедносните сили ги спречија граѓаните да дојдат до пред полициската станица, која од сите страни беше опколена.

На забавата учесниците на протестот пред полицајците палеа факели, играа и пееја.

Претходно граѓаните беа пред Собранието каде што ги повикаа сите да не седат и да чекаат некој друг да ги донесе промените, туку и тие да бидат дел од тие промени.

Професорот и политички аналитичар Мерсел Биљали, рече дека граѓаните кои седат дома, наликуваат на некој на кој што куќата му гори, внатре му се децата и роднините, а тој седи и гледа од страна.

– Тие луѓе се или индифирентни, или се плашат од власта, или им се доволни 200 евра, па нека оди се по пустината. Ако веруваат во Господ, тогаш не се вистински верници, ако се обични граѓани тогаш не поседуваат основен морал. Ги повикувам без разлика на верска, етничка припадност, социјална положба да излезат бидејќи крајно време е за завршен удар – истакна Биљали.

„Шарена револуција наместо шарена аболиција“, „ Информативен разговор, Митко Чавков“ беа дел од пораките на вечерашниот протест кој започна пред Специјалното јавно обвинителство, продолжи пред Собранието каде што повторно беше фрлана боја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...