fbpx

ИКГ: Македонија во групата на земји каде состојбата се влошува

На својата најнова листа, Интернационалната кризна група (ИКГ) ја стави Македонија во групата на земји каде состојбата се влошува. Македонија е во друштво со Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и со Сирија, земји кои постојано се на раб на некаков конфликт. Според ИКГ,...

Орав им пренел порака на лидерите во име на Хан

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, не се обратил директно со писмо до четворицата лидери во Македонија за да побара обновување на преговорите, објави телевизија „Телма“. Во негово име, пораките им ги пренел евроамбасадорот Аиво Орав, потврдуваат за телевизијата дипломатски извори. Изминатиот...

Денеска протестен марш за поголеми работнички права

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права денеска во 18 часот пред Дом на градежници ќе организираат протестен марш. „Постојаното погазување на правата и на достоинството на работниците е една од клучните неправди што ги живееме. Заедно...

Пожар во македонска православна црква во Сиднеј

Неколку часа по велигденскиот собир, се запалила црквата „Христово воскресение“ во Рокдејл, Сиднеј. Причините за пожарот, кој избувнал од покривот, сè уште не се познати, но австралиската полиција истражува дали пожарот бил подметнат. Во гаснењето на пожарот учествувале 60 пожарникари, а тројца од нив биле...

Димитриев: Македонија да се надмине себеси и политичката криза

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, од велигденската богослужба во храмот „Свети Никола“ во Штип повика на обединување, духовно смирување и на разум на сите Македонци дома и во дијаспората. - Посакувам овој празник да донесе кај сите семејства повеќе љубов и разбирање и...

„Фајненшл тајмс“: Катица Јанева во Македонија е како Бијонсе

Престижниот лондонски весник за бизнис и за економија „Фајненшл тајмс“ под наслов „Жена воин од мало гратче ја тресе македонската елита“, ја опишува специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, како „камшик за македонската корумпирана елита и невообичаена икона на протестите за време на политичката криза“. Според весникот, „работата...

Г.г. Стефан: Повикувам на единство меѓу нашиот народ

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, испрати велигденско послание по повод најголемиот христијански празник Велигден. „Христовото воскресение е основа на спасението, тоа е најголемиот и најрадосен настан во историјата. И, ако има ден за радување меѓу сите денови – тоа е денот на Христовото...

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок

Денеска православните христијани го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските...

Штајнмаер: Сè поголемата нестабилност ја оддалечува Македонија од ЕУ и од НАТО

Се надевам дека политичките партии во Македонија разбираат дека сè поголемата нестабилност ќе го направи патот на земјата кон Европската унија и кон НАТО многу тежок, вели шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. Пораката на Штајнмаер до партиите во земјава што го потпишаа Договорот од Пржино...

Крпач ли беше сведокот поради кој Јанева бараше надлежност во заштитата на сведоци?

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Коста Крпач, кој вчера беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО. Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со...

„Мост“: Нема услови за фер и демократски избори на 5 јуни

Поради голем број недоследности и прекршувања, а кои се игнорирани од ДИК, констатираме дека Владата и другите институции не успеаја да обезбедат услови за одржување на фер и веродостојни избори на 5 јуни, велат од граѓанската асоцијација „Мост“. Претседателот на „Мост“, Дарко Алексов, вели дека проверките...

Петковски добил куршум додека бил во друштво со ексначалник на УБК и со поранешен градоначалник на Битола

Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски, кој вчера беше повреден со куршум во ногата, за време на инцидентот бил заедно со свои блиски пријатели, поранешниот градоначалник на Битола, Златко Вршковски, и бившиот началник на УБК за Битола, Љупчо Чкљамовски. Извори од полицијата за „Мета“ велат дека...

Демонстрантите пред Владата ги обоија сликите на Груевски и на Иванов

Балоните со боја на „Шарената револуција“ вечерва ги обоија лицата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Големи транспаренти со контурите на ликовите на двајцата функционери беа поставени на оградата пред Владата. Демонстрантите, откако ги обоија лицата, фрлајќи балони...

МВР истражува како куршумот завршил во ногата на битолскиот функционер на СДСМ

СВР Битола потврди дека денеска попладне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник. Оттаму за „Мета“ велат дека се врши увид и вештачење, а за подоцна најавија повеќе информации. Инаку, настанот се случил во битолската населба Карпош,...

НЛБ Тутунска банка ќе ги исплати пензиите пред празниците

НЛБ Тутунска банка пензијата ќе ја исплати в четврток, на 28 април, информираат оттаму. - НЛБ Тутунска банка ги известува сите пензионери што својата пензија ја примаат преку НЛБ Тутунска банка, дека пензијата за април, банката ќе им ја исплати на 28 април, пред празниците -...

Функционер на СДСМ од Битола, погоден со куршум во нога

Денеска попладне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник. Настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар. Куршумот, како што дознаваме, завршил во неговата...

„Фридом хаус“: Од делумно слободна, Македонија стана неслободна земја

Според најновиот извештај на „Фридом хаус“ за слободата на медиумите, статусот на Македонија од „делумно слободна“ се намали на „неслободна“ земја поради откривањето на нелегалното владино прислушување новинари, корупцијата меѓу функционерите и сопствениците на медиуми, како и зголемувањето на заканите и на нападите врз медиумските...

ДИК го усвои извештајот за проверките на избирачкиот список, дилемите останаа

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки со шест гласа „за“ и со еден глас „против“. Двајцата членови од СДСМ не присуствуваа на седницата, а „против“ гласаше претседателот на ДИК, Александар Чичаковски. Тој прво изрази сомневање во...

Во Брисел загрижени, не откриваат кои се следните чекори

Од Брисел засега не откриваат кои би биле чекорите што ќе ги преземат поради аболицијата која ја даде претседателот Ѓорге Иванов и прекршувањето на Договорот од Пржино. - Во изјавата што ја објавивме минатата недела, рековме дека сме принудени да преземеме дејства за да се исполнат барањата што ги истакнаа...

Нема лекови на рецепт во аптеките, пациентите протестираат – и плаќаат

Нема лекови на рецет во аптеките, реагираат Скопјани, тврдејќи дека со денови бараат лекови, но не можат да ги набават освен ако не ги купат „приватно“. Како што велат тие за „Мета“, станува збор за антибиотици и за лекови за луѓе болни од рак, кои никаде...

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...