fbpx

„Фајненшл тајмс“: Катица Јанева во Македонија е како Бијонсе

-

Престижниот лондонски весник за бизнис и за економија „Фајненшл тајмс“ под наслов „Жена воин од мало гратче ја тресе македонската елита“, ја опишува специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, како „камшик за македонската корумпирана елита и невообичаена икона на протестите за време на политичката криза“.

Според весникот, „работата на Јанева е да ги гони високите политички фигури обвинети за крадење на изборите и за искористување на разузнавачките служби за партиски политички цели“, но амнестијата на претседателот всушност ги исклучува истрагите „Титаник“ и „Тврдина“.

„Фајненшл тајмс“ цитира странски дипломат кој укажува дека помилувањата на претседателот покажуваат дека Јанева станала опасна.

Обвинителката Катица Јанева вели: „Ако претседателот има намера да продолжи со помилувањето на луѓе кои се обвинети, тој ќе биде многу зафатен, бидејќи ние нема да запреме“.

Специјалната обвинителка се соочува со огромни пречки, меѓу кои и обезбедување сведоци, од кои многумина се плашат да соработуваат поради засилен надзор.

„Тоа може да стане уште потешко откако Коста Крпач, сведок, умре откако беше застрелан во градите“, пишува лондонскиот весник.

„Постојано поддржувана од две офицерки – во зачудувачи контраст на политичката сцена во Македонија во која доминираат мажи – таа му пркоси на претседателот со поведување неколку нови истраги“, пишува „Фајненшл тајмс“.

Весникот открива дека на почетокот правните кругови гледале со недоверба кон непознатата обвинителка од Гевгелија, која низ смеење разговарала со репортерот на „Фајненшл тајмс“ и му ја открила нејзината љубов кон музичките ТВ-емисии како што е „Икс фактор“.

„Но, многумина велат дека ја потцениле нејзината способност да стекне јавна поддршка. Пред едно кафуле во Скопје две тинејџерки притрчаа да побараат автограм од неа. Во оваа земја таа е како Бијонсе, рече едната“, забележува репортерот.

На обвинувањата на претседателот дека нејзиното обвинителство е злоупотребено за добивање политички поени, таа одговара: „Не обрнувам внимание на тие забелешки. Си ја вршам својата работа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...