fbpx

Денеска протестен марш за поголеми работнички права

-

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права денеска во 18 часот пред Дом на градежници ќе организираат протестен марш.

„Постојаното погазување на правата и на достоинството на работниците е една од клучните неправди што ги живееме. Заедно да го кренеме гласот на протестен марш. Повикуваме на здруженост во борбата за поголеми права и за подобри услови за работа. Веруваме дека само преку соработка и работничка и синдикална солидарност, можеме да се спротиставиме на притисокот на актуелните антиекономски и антисоцијални политики“, се вели во најавата за протестот.

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ ќе го поддржи овој протест, а од утре ќе продолжи и „Шарената револуција“ со протестите против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...