fbpx

ДИК го усвои извештајот за проверките на избирачкиот список, дилемите останаа

-

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки со шест гласа „за“ и со еден глас „против“.

Двајцата членови од СДСМ не присуствуваа на седницата, а „против“ гласаше претседателот на ДИК, Александар Чичаковски. Тој прво изрази сомневање во правната важност на информациите од МВР на кои не е потпишан министерот, што за другите членови не беше спорно.

Oд 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40.000 случаи, бидејќи граѓаните не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило друго лице.

Од тие лица кои биле пронајдени дома, само 34.000 покажале валидна лична карта или пасош, што покажува дека не може да се обезбедат валидни информации за околу 12.000 имиња што се појавуваат на избирачкиот список.

За Чичаковски, остануваат сомнителни и гласачите без живеалиште во земјава. Од 139.000 гласачи, 42.000 се дијаспора, но за другите нема прецизни податоци.

Според Силвана Бонева и Сашко Срцев, расчистени се сите дилеми и избирачкиот список може да гарантира веродостојни избори.

Бурни реакции предизвика предлогот на претседателот Чичаковски, да се објави на веб-страницата список на гласачите со име, презиме, адреса и место на гласање. Мнозинството од членовите тврдат дека тоа е во спротивност со укажувањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци. По реакциите, Чичаковски го повлече предлогот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...