fbpx

За овие девет месеци, 20 проценти поголем број на патници за разлика од лани

Вкупно 1.183.728 патници патуваа на двата македонски аеродрома, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, во првите девет месеци од годинава, што е за 20 проценти повеќе споредено со истиот период лани. - За разлика од аеродромите во Европската унија, каде во август просекот...

Лагард: Подготвена сум да останам шеф на ММФ, но тоа не е моја одлука

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, изјави денеска дека не е исклучено поради истекувањето на мандатот, ова да бидат нејзините последни годишни средби на позицијата шефица на ММФ. - Ова би можело да бидат мои последни годишни состаноци. Подготвена сум да останам прв...

Во Кина е пуштен во употреба системот за меѓународно плаќање ЦИПС

Кинескиот систем за меѓународни плаќања ЦИПС (The China International Payments System, CIPS), денеска официјално беше пуштен во употреба на церемонија во Шангај, објави Државниот совет на Кина. Првата трансакција извршена во новиот систем е пренос на пари од Кина во Луксембург, пренесува „Ер-Би-Си“. Почетокот на работата на системот...

Исплатени се 32 милиони денари субвенции на земјоделците

Владата исплати 32.690.000 денари субвенции на 2.127 земјоделци за повеќе мерки, соопшти Министерството за финансии. На 2.025 сточари исплатени им се 27.500.000 денари, а исплатени се 2.890.000 денари за постојни овошни насади.

Опозицијата предлага минималната плата да биде 11.000 денари

На собраниската расправа за предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата, СДСМ бара таа да изнесува 11.000 денари. Пратеникот од опозициските редови, Панче Орцев, истакна дека овој предлог е донесен врз основа на разговорите што ги имале со работодавците и со вработените. -  Бараме тие да важат за...

Девизните резерви помали за 247 милиони евра за разлика од лани

Вкупните девизни резерви изнесуваат 2.187.400.000 евра, што во споредба со истиот период лани значи намалување за околу 247.600.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка. Лани во истиот период тие изнесувале 2.435.000.000 евра. – Намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сè, на редовното намирување на надворешните...

Опаѓа трговската размена на текстил и на облека

Mинистерот за економија, Беким Незири, денеска се сретна со седум најдоминантни извозно ориентирани текстилни компании. Повод за средбата е регистрираниот пад во трговската размена на текстил и на облека, кој изнесува 22,2 проценти за првите седум месеци годинава, во споредба со истиот период минатата година. Ако во...

Трошоците за живот во септември намалени за 0,2 отсто во однос на лани

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,2 отсто во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на другите неспомнати прехранбени производи за 1,5 отсто, замрзнатиот зеленчук за 0,7 отсто, конзервираната риба за 0,5 отсто, свежото млеко за...

Фабриката за автомобилски делови „Маркарт“ почна со работа во Велес

Фабриката „Маркарт“ за производство на делови за „мерцедес“, „ауди“ и „бе-ем-ве“, денеска почна со работа во Велес. Инвестицијата изнесува 35 милиони евра, а во првите две години ќе се отворат 600 работни места. Во фабриката веќе работат 120 луѓе. Процените се дека компанијата секоја година ќе извезува софистицирани...

ММФ ја намали проекцијата за глобалниот пораст

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали проекцијата за економскиот пораст, наведувајќи дека е загрозен поради намалувањето на цената на суровините и нервозата на финансиските пазари. ММФ соопшти дека светската економија ќе порасне за 3,1 отсто годинава, додека во јули процената беше 3,3 отсто. Порастот од...

Државата продава пет детски одморалишта за да развива туризам

Државата ги понуди на продажба детските одморалишта „Малешево“ во Берово, „Суви Лаки“ во Струмица, „Ѓуриште“ во Свети Николе, „Николиќ“ во Дојран и „Пелистер“ во Битола. - Сите овие места во минатото, поради својата местоположба и опкружување, претставувале значајни туристички капацитети. Со определена инвестиција од приватниот сектор,...

Иновациите во фокусот на саемот „Технома“

Повеќе од 185 домашни и странски компании ќе се претстават на 41. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита, „Технома 2015“, кој ќе се одржува од 13 до 17 октомври на Скопски саем. Во фокусот на „Технома 2015“ ќе бидат иновациите,...

И адвокатите како регистрациони агенти ќе регистрираат фирми електронски

Сите уписи во трговскиот регистар на Централниот регистар ќе се вршат електронски и тоа преку регистрациони агенти. Со последните законски измени, категоријата регистрационен агент е проширена со адвокатите. Ова го предвидуваат измените во Законот за трговски друштва и за едношалтерски систем и за водењето на трговскиот...

ТМ: Долгот постојано се зголемува и покрај предупредувањата да се намали

„Транспарентност Македонија“ предупредува на неправилности, непочитување на процедурите и на добрите практики во спроведувањето на јавните политики и на трошењето на јавните пари во општеството. Во најновиот септемвриски билтен, предупредуваат дека јавниот сектор постојано го зголемува долгот, па во 2016 година, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ),...

Пензионерите денеска зедоа пензија поголема за 621 денар

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, се сретнаа со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Македонија. Денеска, околу 300.000 пензионери зедоа пензии со зголеување од 621 денар, со што просечната пензија ќе достигне 13.085 денари. Во октомври...

Цените на горивата остануваат исти

Цената на бензините и на дизелот останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на „еуросупер БС-95“ изнесува 62,50 денари за еден литар, на „еуросупер БС-98“ е 64,50 денари за еден литар, на „еуродизел ДЕ5“ изнесува 50 денари за литар и цената на екстралесното масло за...

НБРМ: Финансискиот ситем на државата е стабилен

Во просториите на Народната банка, денеска се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите надлежни за регулирање и за надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Македонија: Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско...

Угостителските услуги поскапи за 0,8 отсто во однос на лани

Индексот на цените на угостителските услуги во септември во споредба со август 2015 година, е зголемен за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна и ноќевања за 0,1 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во...

Извозот во првите осум месеци намален за 318 милиони долари

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари-август 2015 година, изнесува 2.889.817.000 долари и е намален за 318.476.000 долари во однос на истиот период лани, кога изнесувал 3.208.293.000 долари. Увозот на стоки во периодот јануари-август 2015 година е 4.128. 421.000 долари и е намален за...

Десетина илјади луѓе во Манчестер протестираа заради мерките за штедење

Десетици илјади луѓе протестираа во Манчестер заради мерките за штедење на британската влада. Протестот беше организиран под слоганот „Не за штедењето, да за правата на работниците“, а учествуваа околу 60.000 луѓе. Протестот е организиран поради, како што наведува организаторот, владината „штетна програма за штедење и нејзин...

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...