fbpx

ММФ ја намали проекцијата за глобалниот пораст

-

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали проекцијата за економскиот пораст, наведувајќи дека е загрозен поради намалувањето на цената на суровините и нервозата на финансиските пазари.

ММФ соопшти дека светската економија ќе порасне за 3,1 отсто годинава, додека во јули процената беше 3,3 отсто. Порастот од 3,1 отсто би бил најбавен од 2009 година, кога рецесијата ја доживеа својата кулминација.

Во извештајот на ММФ, објавен во пресрет на годишниот собир на институцијата и на Светската банка, закажан за недела во Лима, се наведува дека САД ќе има пораст од 2,6 отсто, додека во јули беше предвиден пораст од 2,5 отсто. Земјите во развој, кои најмногу се погодени од падот на цената на суровините, ќе имаат пораст од 4 отсто.

Процената на ММФ за еврозоната и за Кина останува иста – земјите што користат евро ќе остварат вкупен пораст од 1,5 отсто, додека втората најголема светска економија ќе порасне за 6,8 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...