недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ММФ | 132 резултати

ММФ предвидува понизок раст и повисока инфлација во Македонија

април 1, 2026

Меѓународниот монетарен фонд предупредува за бавен раст на БДП и зголемена инфлација за 4,5 отсто за 2026 година, а дополнителен ризик претставуваат непланирани зголемувања на плати и пензии, како и можни пречекорувања на трошоците кај големите инфраструктурни проекти

ММФ прогнозира стабилен глобален раст и континуиран пад на инфлацијата

јануари 11, 2025

Меѓународниот монетарен фонд ќе прогнозира стабилен глобален раст и континуиран пад на инфлацијата, кога ќе ја објави ажурираната светска економска перспектива на 17 јануари, изјави директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, пренесува Ројтерс. Георгиева рече дека американската економија се движи подобро од очекуваното, иако постои голема несигурност околу трговските политики на администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд […]

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

април 20, 2024

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На средба со заменик генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, тој констатираше дека Народната банка води соодветни политики, кои придонесуваат за стабилизација на инфлацијата, курсот […]

Поплавите и пожарите ќе зачестат, Македонија подготвува документ за организирање на управувањето со кризи

април 1, 2024

Северна Македонија врши евалуација на заканите по безбедноста на Републиката од сите ризици и штети, одговорија од Центарот за управување со кризи на прашањата на Порталб.мк околу тоа дали се преземаат мерки за предупредувањата на Меѓународниот монетарен фонд, според кои земјата е изложена на климатски промени и природни опасности кои претставуваат значителен ризик за јавната […]

ММФ: Вештачката интелигенција ќе погоди 40 отсто од работните места и ќе ја влоши нееднаквоста

јануари 15, 2024

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе влијае на речиси 40 отсто од сите работни места, покажува нова анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Управниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, вели дека во повеќето сценарија, вештачката интелигенција најверојатно ќе ја влоши севкупната нееднаквост, пренесува Би-би-си. Георгиева додава дека креаторите на политики треба да се осврнат на „вознемирувачкиот тренд“ […]

Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да делува на малите економии

јуни 5, 2023

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до […]

ММФ: Повисоката инфлација најмногу ги одразува глобалните притисоци, намалување следи во 2022 година

октомври 15, 2021

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед очекува дека инфлацијата во земјава во просек ќе достигне ниво од 3,1 проценти во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2 проценти во 2022 година, информираат од Народна банка. На средбата на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со тимот од Одделот за Европа во Меѓународниот […]

ММФ: Инфлацијата и натаму ќе биде умерена и е одраз на глобалните фактори

мај 19, 2021

Монетарната политика е соодветна и треба уште да биде олабавена. Скорешното зголемување на инфлацијата најмногу се должни на глобалните фактори и е привремено. Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и на храната влијаеше врз инфлацијата. Иако веројатно ќе има некои преносни ефекти, се очекува дека инфлацијата ќе се намали во втората половина […]

Заев со мисијата на ММФ: Позитивни движења во економијата, 2021 е година на стабилен економски раст

мај 18, 2021

Премиерот Зоран Заев одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон, информираат од Владата. На состанокот се дискутирало за изгледите за економски раст во земјава согласно разговорите што ги имала […]

Ангеловска-Бежоска: Централната банка во пандемијата има клучна улога за обезбедување финансиска стабилност

март 26, 2021

Народната банка има витална улога во ублажувањето на влијанието на кризата и нејзината професионалност и независноста, се клучни предуслови за обезбедувањето на целокупната стабилност на економскиот и на финансискиот систем. Ова го посочи директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, на вчерашниот состанок со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на кој се разговараше за важноста на […]

ММФ оцени дека банкарскиот систем е добро капитализиран и профитабилен

ноември 20, 2020

Народната банка на Северна Македонија, НБРСМ, треба да презема навремени супервизорски активности за да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем и поради тоа е од суштинска важност да се зачува нејзината независност. Тоа ќе ѝ овозможи на централната банка и понатаму да ги остварува своите задачи за одржување на ценовната стабилност и за заштита на […]

ММФ вели НБРСМ правилно постапила со Еуростандард банка, опозицијата бара надзорна расправа во Собрание

октомври 21, 2020

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, ММФ, Антони Де Ланој, член на Извршниот одбор на ММФ, задолжен за Северна Македонија, оцени дека Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ) постапила правилно во врска со одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка и ставањето во стечај. Тој тоа го истакнал на состанокот со тимовите на НБРСМ […]

ММФ ни обезбеди 176 милиони евра за шокот од пандемијата Ковид-19

април 23, 2020

„Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) обезбеди значајна поддршка преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра, а и понатаму во рамки на можностите ќе дава поддршка за што посоодветно да се одговори на предизвиците и побрзо да дојде до опоравување на македонската економија. Економските фундаменти се здрави, а преземените мерки се соодветни […]

ММФ: Банкарскиот систем засега ви е ликвиден и стабилен

април 22, 2020

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го објави Извештајот за Македонија, подготвен при носењето на одлуката за финансиска поддршка преку Инструментот за брзо финансирање. Како што информира Народната банка на Македонија, во извештајот е констатирано дека, пред да започне пандемијата на ковид-19, основите на македонската економија се оценети како здрави. „Според ММФ, тоа е видливо преку солидниот […]

ММФ одобри итна помош од 215 милиони долари за 25 сиромашни земји

април 14, 2020

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд, ММФ, синоќа донесе одлука за одобрување на итна, неповратна финансиска помош од 215 милиони долари за 25 сиромашни земји, со цел да им помогне во намалување на задолженоста и за поуспешно справување со пандемијата на Ковид19. Средствата ќе бидат пренаменети од фондот за контрола и ублажување на последиците од […]

Отворено писмо: Земјите од Г20 итно да обезбедат 8 милијарди долари за борбата против КОВИД19

април 8, 2020

Итно да се доделат 8 милијарди долари за справување со новиот корона вирус во целиот свет, за да се спречи крах на здравствените системи, но и на економиите. Дополнително, за земјите со послаби здравствени системи и ранливо население, да се обезбедат уште 35 милијарди долари во блиска иднина, побараа речиси стотина поранешни претседатели, премиери, министри, […]

Владата ќе бара над 580 милиони евра од странски банки и фондови за справување со корона кризата

март 22, 2020

Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека владата наредната недела ќе обезбеди над 580 милиони евра од странски банки, Меѓународниот монетарен фонд и од Светската банка за одржување на ликвидноста на буџетот и за гарантирање на одржувањето на работните места во земјава. Владата на вчерашната седница го усвоила планот на Министерството за финансии во делот […]

ММФ ја искара Владата: Зголемувањето на минималецот не е добро проектирана мерка

јануари 28, 2020

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за нашата земја предупреди на ризици и непосакувани ефекти по одлуката на македонската Влада за зголемување на минималната плата со цел да се подобри животниот стандард кај работниците со пониски примања. „Нето-минималната плата кумулативно е зголемена за 44 отсто во изминативе две години, а во економската програма на Владата […]

Расте вработеноста, паѓа продуктивноста

ноември 19, 2019

Економските политики во нашата земја во изминативе неколку години донесоа пораст на бројот на вработени лица и историски најниска стапка на невработеност, кои истовремено се проследени со континуиран пад на продуктивноста на трудот. Тоа го отвара прашањето дали во трката за што поголем број вработени се заборава на спроведување на мерки кои ќе ја поттикнат […]

ММФ: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав

ноември 18, 2019

Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав, оцени тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој што престојуваше во нашата земја заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија. Во текот на изминатитe денови тимот оствари повеќе работни средби со претставници на Народната банка и на Министерството за финансии. Во Заклучокот на тимот […]

Страна 1 од 7