fbpx

Опозицијата предлага минималната плата да биде 11.000 денари

-

На собраниската расправа за предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата, СДСМ бара таа да изнесува 11.000 денари.

Пратеникот од опозициските редови, Панче Орцев, истакна дека овој предлог е донесен врз основа на разговорите што ги имале со работодавците и со вработените.

–  Бараме тие да важат за сите и да нема селективност. Исто така, бараме минималната плата да се усогласува на годишно ниво, со порастот на трошоците за живот. Предлагаме и основање на фонд кој ќе ги помогнеме работодавците за истите да немаат последици заради тоа што ќе мора да исплаќаат минимална плата од 11.000 денари во сите сфери, па и во кожарската и во текстилната индустрија – објасни Орцев.

Минималната плата изнесува 9.590 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...