вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: минимална плата | 60 резултати

Наглото зголемување на минималната плата е притисок врз малите и средни претпријатија, смета министерот за економија

22 декември 2025

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, пред членовите на ЕСС го презентирал напредокот во подготовката на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2026 година, со вкупен буџет од 2,39 милијарди денари

ССНМ бара минималната новинарска плата да се изедначи со примањата на новинарите од регионот

7 август 2025

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека е неопходно зголемување на минималната плата, бидејќи моменталната висина е недостојна за пристоен живот на работниците, меѓу кои и на новинарите и медиумските работници. Од организацијата посочуваат дека Владата и синдикатите преговараат за финансиска иднина на работниците, во која новинарите и медиумските работници не смеат да […]

Минималната плата ќе изнесува 22.567 денари

22 март 2024

Минималната плата која досега изнесуваше 20.175 денари, отсега ќе изнесува 22.567 денари во нето износ, односно 33.352 денари во бруто износ, информираше денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС). Со новото усогласување, минималната плата за 2024 година бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 […]

Во Бугарија од денеска минималната плата повисока за 153 лева, се искачи на 477 евра

1 јануари 2024

Од 1 јануари 2024 година, минималната плата во Бугарија изнесува 933 лева (477 евра, според курсот на Централната банка на Бугарија). До вчера минималната плата изнесуваше 780 лева, извести бугарскиот онлајн медиум mediapool.bg. Зголемувањето од 19,6 отсто беше донесено од бугарската влада во октомври минатата година, според формулата предвидена во Законот за труд. Таа предвидува […]

Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари

13 март 2023

Минималната плата која досега изнесуваше 18.000 денари од следниот месец ќе се зголеми за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари, објави премиерот Димитар Ковачевски. Со ова, минималната плата ќе бележи пораст од 12,55 отсто, а согласно Законот за административни службеници, како што најави Ковачевски, ќе се изврши усогласување и на платите на 27.000 службеници. […]

Од март минималната плата во земјава ќе порасне на 20.175 денари

25 февруари 2023

Граѓаните кои земаат минималец, почнувајќи од мартовската плата, ќе имаат повисоки примања за над 2.000 денари месечно, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика. Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари. „Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 […]

Повисоки плати во судството, обвинителството и затворската полиција – Собранието ги донесе законите

3 ноември 2022

Собранието на денешната седница ги донесе законите за судска, за јавно-обвинителската дејност и за извршување на санкции, со кои се зголемуваат платите на вработените. Покачувањето ќе изнесува 15 отсто, извести Министерството за правда. Со денешното изгласување на законите за изменување на законот за судска служба и на законот за јавно-обвинителска служба, исто така е дефинирана […]

Синдикат на култура: Бараме да се почитува Колективниот договор за зголемување на платите

31 март 2022

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) изразува незадоволство од непочитувањето на договорот од страна на Министерството за финансии и Министерството за култура за покачување на платите на културните работници. „Иако пред четири месеци, Министерството за финансии најави дека во културата платите ќе бидат покачени со покачувањето на минималната плата заради заеднички договорената методологија за […]

Едногласно изгласан законот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари

23 февруари 2022

Едногласно – со 90 гласови „за“ и ниту еден „против“ или воздржан, попладнево пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за минимална плата, со кои наместо 15.000 денари, минималната плата од април ќе изнесува 18.000 денари. Се очекува со новото законско решение поголема плата да добиваат околу 80.000 работници. Одлуката е донесена по три […]

Постигнат договор за минималната плата од март да порасне на 18.000 денари

8 февруари 2022

Владата постигна договор со работодавачите и синдикатите, а опозицијата потврди дека ќе го поддржи договореното. Од март минималната плата во земјава ќе изнесува 18.000 денари, при што владините проценки се дека 80.000 граѓани што работат за минималец ќе добијат покачување на платите. „Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е […]

Порталб анализа: Минималец од 18.000 денари – за работниците добредојден, за дел од фирмите „шок“

7 февруари 2022

Македонија е петта земја според најниска минимална плата во цела Европа. Започнуваат преговорите на релација синдикати – влада – работодавачи за ново зголемување на минималецот до 18.000 денари, пишува Порталб.мк. Дел од бизнисмените предупредија дека растот направен под притисок може да предизвика отпуштања во фирмите, загрозување на ликвидноста. Анализите на дел од економистите го покажуваат спротивното. Минималецот од […]

Синдикатите се закануваат со штрајк, ако не се усвои минимална плата од 18.000 денари

6 февруари 2022

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска побара Владата да го поддржи предлогот за минималната плата од 18.000 денари и да го стави на гласање на Економско социјалниот совет. Синдикатите најавија дека доколку не се усвои ова решение, ќе организираат штрајк и блокади на фабрики, економски зони и патишта. Одлука за висината на минималната плата се […]

Работниците излегоа на протест, бараат итно да се донесе Законот за недела да биде неработен ден

12 декември 2021

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) попладнево излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) за да го изрази незадоволството од неизгласувањето на законското решение со кое недела треба да се прогласи за неработен ден, но и да потсетат дека бараат измена на Законот за минимална плата. На протестот беше […]

Уставен суд ја поништи владината уредба за минималец за функционери, судии и обвинители

12 мај 2020

Уставните судии на денешната седница ја поништија владината уредба за намалување на платите на функционерите, судиите и обвинителите за април и мај на 14.500 денари месечно. Владата ја донесе ваквата уредба како една од мерките во борбата против епидемијата со корона вирусот во земјава, како и за справување со финансиските потешкотии за државниот буџет што […]

Откако си ги добија платите назад, судиите ќе издвоеле 20 отсто во фондот за справување со короната

29 април 2020

Откако Уставниот суд привремено го запре извршувањето на владината уредба за исплата на минимални плати за судиите за април и мај, од Здружението на судии денеска велат дека тие ќе издвојат најмалку 20 отсто од нивните полни плати за април и мај на сметката на Солидарниот фонд за справување со вирусот Ковид-19. Од Здружението на […]

Уставниот суд им ја врати полната плата на функционерите, судиите и обвинителите, Владата негодува

28 април 2020

Уставниот суд на денешната седница одлучи привремено да го запре извршувањето на три уредби на владата во период на вонредната состојба. Станува збор за уредбата со која сите избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор ќе добиваат минималец од 14.500 денари како месечна плата за април и мај. Ова значи дека извршувањето на уредбата […]

Сметките за струја на рати и без камати за погодените граѓани

19 април 2020

Граѓаните кои се погодени од корона кризата. односно земаат минимални плати, сметките за струја за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. -Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со […]

ММФ ја искара Владата: Зголемувањето на минималецот не е добро проектирана мерка

28 јануари 2020

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за нашата земја предупреди на ризици и непосакувани ефекти по одлуката на македонската Влада за зголемување на минималната плата со цел да се подобри животниот стандард кај работниците со пониски примања. „Нето-минималната плата кумулативно е зголемена за 44 отсто во изминативе две години, а во економската програма на Владата […]

Нема реформи, нема зголемен буџет – владата ѝ скрати на МРТ над 6 милиони евра

24 јануари 2020

Раководството на Македонската – радио телевизија (МРТ) и владата имаат спротивни ставови околу околу висината на средствата што ќе ги добие јавниот радиодифузен сервис за 2020 година. А тоа, според МРТ ќе се одрази на платите на вработените. И покрај тоа што планираше од државата да добие околу 21 милиони евра, МРТ сега, преку новиот […]

Страна 1 од 3