петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: минимална плата | 60 резултати

Владата го усвои предлогот за зголемување на минималната плата на 12.000 денари

август 4, 2017

На 19. седница со која претседаваше вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, Владата го усвои предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за минималната плата и со тоа ја почна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари. „Ќе се овозможи исплаќање на иста висина на минимална плата за […]

Заев: Почнува севкупно зголемување на платите

јули 21, 2017

Граѓаните знаат дека тенденцијата е да ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари, а ние сме сериозни во одлуката и сакаме оваа мерка да биде воведена на 1 септември, истакна премиерот Зоран Заев денеска во Штип. Тој, придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и од пратеникот Благој Бочварски, денеска  се сретна со работници […]

Бочварски: Ребалансот на буџетот ги крати непотребните трошења

јули 16, 2017

Ребалансот на буџетот ги крати непотребните трошоци, а парите се враќаат назад кон граѓаните и со него, ќе се обезбедат пари за трајно решавање на проблемот на стечајните работници, околу 70.000 граѓани веќе од септември ќе добијат повиска минимална плата од 12.000 денари, ќе се зголемат средствата за подигнување на ученичкиот стандард и повисоки стипендии и школарини, […]

Заев со Светска банка: Приоритет на владата се економскиот развој и стабилноста

јули 13, 2017

Врвен приоритет на Владата е да обезбеди стабилност на економијата и развој, порачал македонскиот премиер Зоран Заев на вчерашната средба со Цирил Милер, потпретседател на Светска банка, придружуван од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели. Во македонскиот тим биле и вицепремиерот за економски прашања, […]

Почнаа преговорите за зголемување на минималната плата

јуни 23, 2017

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заменик-министерката за финансии, Ширете Елези, и економскиот тим во Министерството за финансии денеска со претседателите на синдикатите почнаа разговори за зголемување на минималната плата. Како што соопштија од Министерството за финансии, владините претставници на синдикатите им го презентирале планот за зголемување на […]

СДСМ: Ако сакаше, ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да работи на зголемување на платите

јуни 13, 2017

Доколку сакаше, ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да работи на зголемување на платите и на животниот стандард на граѓаните, но спротивно на тоа ВМРО-ДПМНЕ направи Македонија да биде една од земјите со најниска минимална и просечна плата во регионот и во Европа, реагираат од СДСМ на на прес-конференцијата на Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ. „Новата реформска Влада […]

Делев: ВМРО-ДПМНЕ ја воведе минималната плата, СДСМ да продолжи со мерките

јуни 13, 2017

„Минималната плата е воведена и утврдена од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во директен дијалог со работодавците и со синдикатите“, изјави денеска на прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој потсети дека Законот за минимална плата пред донесувањето беше огромен хендикеп за огромен број работници. „Со утврдувањето на минималната плата, повеќе до 65.000 работници си го решија долгогодишниот проблем, […]

Заев смета дека државата има скриен долг од околу една милијарда евра

јуни 6, 2017

Просечната плата од 500 евра веројатно ќе стане реалност во 2019 година, изјави вечерва премиерот Зоран Заев, додавајќи дека тоа е две и пол години од почетокот на мандатот на новата влада. Тој, во интервјуто на националниот сервис со уредници од телевизиите, рече дека потребни се консултации за да се види каде треба да се […]

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови проекти – првата мерка на СДСМ е уривање

јуни 6, 2017

Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на СДСМ во 2017 година е уривање на нешто што е веќе изградено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение денеска. Партијата порачува дека граѓаните се против […]

Спасовски: Македонија има потреба од слободни и неокупирани синдикати

мај 26, 2017

Македонија има потреба од вистински, слободни и неокупирани синдикати и тоа е задача и цел Владата да придонесе да имаме слободни синдикати со кои ќе можеме да разговараме за заштита за работничките права, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средбата која ја побарале неколку синдикати. – Денеска е значаен ден заради тоа што […]

Тевдовски: Mинималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари

мај 10, 2017

„Новата влада, веднаш по формирањето, во консултации со социјалните партнери, ќе го пушти во собраниска процедура законот за зголемување на минималната плата“, најави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Тој додаде дека минималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари и ќе важи и за индустријата за текстил, облека и […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за плати и за работнички права

септември 11, 2016

СДСМ одамна го изгуби кредибилитетот да говори за минималната плата и за работничките права, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Драган Тевдовски, претседател на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ. „СДСМ затвори 684 фабрики и остави на улица повеќе од 200.000 работници. Лагите на СДСМ и лицемерната грижа за […]

Минимална плата од 12.000 денари и мерки против отпуштање вработени, ветува СДСМ

септември 11, 2016

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска најави дека доколку победи на изборите на 11 декември, ќе ја зголеми минималната плата на 12.000 денари до април 2017 година, а до 2020 година таа да изнесува 16.000 денари. Оваа минимална плата, како што рече денеска на прес-конференција претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор […]

„Гардијан“: Во Македонија се прават скапи брендирани чевли за минимални плати

август 23, 2016

„Работници во Албанија и во Македонија земаат толку ниски плати што не можат да ги прехранат своите семејства, а јазот меѓу законски загарантираната минимална плата и висината на исплатените дневници е поголем отколку во Кина. На овој начин некои светски брендови за производство на чевли остваруваат огромен профит на грбот на сиромашниот работник“, се вели во текстот на „Гардијан“ во врска […]

Опозицијата предлага минималната плата да биде 11.000 денари

октомври 8, 2015

На собраниската расправа за предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата, СДСМ бара таа да изнесува 11.000 денари. Пратеникот од опозициските редови, Панче Орцев, истакна дека овој предлог е донесен врз основа на разговорите што ги имале со работодавците и со вработените. –  Бараме тие да важат за сите и да нема селективност. Исто така, бараме минималната […]

Донесени измените за Законот за минимална плата

мај 14, 2015

Пратениците денеска, по скратена постапка, ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за минимална плата. Истиот предвидува дека работодавците што нема да го почитуваат Законот, ќе бидат казнети по 300 евра за секој работник што не му исплатиле минималната плата и 150 евра за одговорното лице. Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на […]

Страна 3 од 3