СДСМ одамна го изгуби кредибилитетот да говори за минималната плата и за работничките права, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Драган Тевдовски, претседател на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ.

„СДСМ затвори 684 фабрики и остави на улица повеќе од 200.000 работници. Лагите на СДСМ и лицемерната грижа за работниците веќе не поминуваат. СДСМ е партијата која ја кажа најголемата лага ветувајќи дека ќе вработат по еден член од секое семејство. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја намали невработеноста на рекордни 24 отсто, воведе минимална плата и благодарение на економските мерки, речиси двојно ја зголеми просечната плата. Затоа СДСМ ќе биде катастрофално поразен на 11 декември“, стои во реакцијата на владејачката партија.