Пратениците денеска, по скратена постапка, ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за минимална плата.

Истиот предвидува дека работодавците што нема да го почитуваат Законот, ќе бидат казнети по 300 евра за секој работник што не му исплатиле минималната плата и 150 евра за одговорното лице.

Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на овој начин ќе се овозможи заштита на работничките права.

Законот за минималната плата од 8.000 денари е донесен во 2012 година. На почетокот на 2014 се овозможи зголемување на 8.800, оваа година на 9.500 денари. Идната година минималната плата треба да се зголеми на 10.080 денари.