fbpx

Од март минималната плата во земјава ќе порасне на 20.175 денари

-

Граѓаните кои земаат минималец, почнувајќи од мартовската плата, ќе имаат повисоки примања за над 2.000 денари месечно, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика. Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари.

„Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата. Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на  трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година“, стои во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од 2017 година во Македонија има континуирано зголемување на минималната плата. Па така, во периодот во 2017/2018 година минималецот изнесуваше 12.000 денари, во 2019 година се искачи на 12.507 денари, во 2020 достигна 14.500 денари, за во 2021 да изнесува 15.194 денари. Во март 2022 година минималната плата достигна 18.000 денари, за разлика од 2016 година кога минималната плата изнесуваше 10.080 денари. Во март месец 2023 година минималната плата достигнува 20.175 денари, што е за над 10.000 денари повеќе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...