fbpx

Откако си ги добија платите назад, судиите ќе издвоеле 20 отсто во фондот за справување со короната

-

Откако Уставниот суд привремено го запре извршувањето на владината уредба за исплата на минимални плати за судиите за април и мај, од Здружението на судии денеска велат дека тие ќе издвојат најмалку 20 отсто од нивните полни плати за април и мај на сметката на Солидарниот фонд за справување со вирусот Ковид-19.

Од Здружението на судии се задоволни од фактот што Уставниот суд донел Решение за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесената владина уредба, со која беше предвидено државните функционери, судиите и обвинителите да добиваат минимална плата од 14.500 денари месечно за април и мај.

„Тргнувајќи од ова Решение на Уставниот суд, а по повод поднесената Иницијатива, Управниот одбор на Здружението на судиите, очекува и во натамошниот тек на постапката да преовладуваат правните аргументи, со што ќе се почитува владењето на правото и правната држава“, се вели во соопштението на Здружението на судии.

Оттаму велат дека ја акцептирале сериозноста на состојбата во која се наоѓа земјава поради пандемијата со корона вирусот, па затоа Управниот одбор на Здружението на судии одлучил да даде препорака до судиите за одвојување на најмалку 20 отсто од нивната плата, но спроведувањето ќе било на доброволна основа како индивидуален чин на одлука на секој судија посебно.

„Управниот одбор предлага ова активност да се спроведе преку подружниците на Здружението на судите, во соработка со претседателите на судовите и судиите“, се вели во соопштението на Здружението на судии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...