fbpx

Царовска и стопанските комори очекуваат уште поголема соработка за подобрување на економијата

-

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, се сретна со претседателите на четирите најголеми стопански комори, претставници на синдикатите и организациите на работодавачи.

Царовска во иднина очекува уште потесна соработка за креирање на решенија со кои ќе се постигнат повисоки стапки на домашниот бруто-производ и ќе се влијае на подигнување на животниот стандард на македонските граѓани.

„Во изминатите две и пол години, како никогаш претходно, Владата успешно соработува со коморите, синдикатите и организациите на работодавачи и како резултат на таа блиска соработка донесени се решенија со кои се задоволуваат интересите на сите засегнати страни: работниците, компаниите и државата. Како пример го имаме Законот за минимална плата, која со заеднички консензус определвме сега да изнесува 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во однос на 9.050 денари, колку што изнесуваше минималната плата на почетокот на мандатот. Мора да се истакне и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, преку кој во 2018 година, за првпат се овозможи поддршка на домашните компании, преку транспарентни и јасни критериуми кои важат за сите компании подеднакво, а со кој веќе се поддржани околу 200 компании“, посочи Царовска.

Таа додаде дека во периодот кој следи, Владата ќе биде посветена на унапредувањето на програмите во образовниот процес, со особен фокус на средните технички училишта и техничките факултети, за да се следи процесот на индустријализација на земјата и да од образовниот процес излегуваа квалитетни, добро обучени кадри, за повисока продуктивност и ефикасност на компаниите, а со тоа и повисока конкурентност на домашниот и меѓународните пазари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...