fbpx

Десетина илјади луѓе во Манчестер протестираа заради мерките за штедење

-

Десетици илјади луѓе протестираа во Манчестер заради мерките за штедење на британската влада. Протестот беше организиран под слоганот „Не за штедењето, да за правата на работниците“, а учествуваа околу 60.000 луѓе.

Протестот е организиран поради, како што наведува организаторот, владината „штетна програма за штедење и нејзин напад на правата на работниците и на нивните синдикати“.

Некои од демонстрантите носеа плакати на кои пишуваше „Организирај се, штрајкувај, покажи отпор“, „Не бомбардирајте ја Сирија“.

Конзервативците кои освоија најголем број места во парламентот на општите избори во мај, ги намалуваат буџетските издатоци, за државата најпосле да остварува профит и отплата на долговите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...