fbpx

МВР вчера издало потврди на повеќе од 2.500 мигранти

-

Во изминатите 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.543 мигранти, од кои 1.309 се сириски, 904 авганистански и 132 државјани на Ирак, соопшти МВР.

Од средината на јуни, кога беа направени измени во Законот за азил и за привремена заштита и почна издавањето на потврдите, со кои на мигрантите им се овозможи 72-часовен легален престој во земјава, до денеска, според МВР, вакви документи им се издадени на вкупно 118.042 лица.

Најголем дел од нив, односно 85.974 се државјани на Сирија, потоа на Авганистан (15.852), Ирак (7.723), Пакистан (3.109), Палестина (1.178), Иран (783), Сомалија (731), Бангладеш (699), Конго (372), Нигерија (229), Камерун (190), Еритреја (168), Етиопија (144) и на Судан (118).

Според МВР, од лицата на кои им биле издадени потврди досега само 50 поднеле барање за признавање на правото на азил. Во текот на вчерашниот ден, до Одделението за азил не биле поднесени вакви барања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...