fbpx

За овие девет месеци, 20 проценти поголем број на патници за разлика од лани

-

Вкупно 1.183.728 патници патуваа на двата македонски аеродрома, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, во првите девет месеци од годинава, што е за 20 проценти повеќе споредено со истиот период лани.

– За разлика од аеродромите во Европската унија, каде во август просекот за пораст на број на патници е 5,2 проценти, ние бележиме пораст од 30 проценти на двата аеродрома. Ваквиот пораст се должи на маркетинг-политиките на „ТАВ холдинг“ за привлекување нови авиокомпании и за зголемување на постојните фреквенции од македонските аеродроми. Од голема помош е и поддршката на Владата за нискобуџетни авиокомпании – изјави генералниот директор на „ТАВ Македнија“, Зоран Крстевски.

Во првите девет месеци на двата аеродрома се реализирани вкупно 11.695 летови, што е пораст за 10 проценти на годишно ниво.

Најфреквентна дестинација и понатаму е Истанбул со 14,4 проценти пазарен удел, потоа следуваат Цирих, Виена, Малме, Базел, Лондон.

Меѓу авиокомпаниите „Виз ер“ има пренесено најголем број патници во периодот јануари – септември, со пазарен удел од 49 проценти.

Во последно време, значително е зголемен и интересот на граѓаните од соседните земји Косово, Албанија и од Јужна Србија за патувања од скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...