среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: Аеродроми | 28 резултати

Дронови повторно ги блокираа данските аеродроми, Русија негира вмешаност

септември 25, 2025

Данска соопшти дека упадите со беспилотни летала во текот на ноќта, кои накратко затворија два аеродрома и влијаеја на воени објекти, биле хибридни напади насочени кон ширење страв, иако властите не можеа да ги идентификуваат сторителите, пренесува Ројтерс. Инцидентот, втор за два дена само во Данска, е дел од она што некои европски претставници го […]

Од 1 септември построги правила на европските аеродроми за течности во рачниот багаж

август 22, 2024

Построгите правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат на сила на сите аеродроми во ЕУ од 1 септември, соопштија од аеродромот во Франкфурт, пренесува агенцијата Белга. Кога патуваат во ЕУ, на патниците ќе им биде дозволено да носат до 100 милилитри течност. Тие ќе треба да ги пакуваат и течностите во […]

Сириски медиуми: Израел изврши воздушни напади врз аеродромите во Дамаск и во Алепо

октомври 12, 2023

Сириските државни медиуми објавија дека израелските воздушни напади попладнево ги погодиле меѓународните аеродроми на сирискиот главен град Дамаск и северниот град Алепо. Пистите се оштетени и исклучени од сообраќај, јави новинската агенција Асошиејтед прес.  Државната новинска агенција САНА цитирала неименуван воен функционер кој рекол дека во нападите нема повредени. Израелската војска одби да коментира во […]

Европските аеродроми очекуваат повеќе патници во 2024 година отколку пред ковидот

октомври 12, 2023

Европските аеродроми очекуваат следната година да имаат поголем број на патници во споредба со периодот од пред ковид-19 пандемијата, пишува германската новинска агенција ДПА. По силниот годишен пораст од 11,6 отсто на бројот на патници во август, Меѓународното здружение на аеродроми во средата ја надгради својата прогноза за следната година. Бројот на патници догодина ќе […]

„Визер“ суспендира 50 авио летови од земјите на поранешна Југославија

октомври 12, 2020

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ планира привремено да укине 50 авио летови од земјите на поранешна Југославија, пишува специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“. Најголем број на суспендирани летови има од скопскиот аеродром, а по него следуваат леталиштата во Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево. Авиокомпанијата во ноември нема да лета од аеродромот во […]

Од мај ќе летаме со авион по нови правила поради корона вирусот

април 24, 2020

Европската комисија во мај ќе го претстави пакетот на нови правила за летање откако ќе бидат укинати вонредните мерки. Европската комесарка за транспорт Адина Валеан соопшти дека мерките ќе вклучуваат социјално дистанцирање меѓу патниците на аеродромите и во самите авиони. Главната цел на овие мерки е да се загарантира безбедноста на здравјето на патниците од […]

За превенција од корона вирусот, од денес засилени контроли на сите гранични премини и аеродроми во земјава

февруари 24, 2020

Заради новонастанатата состојба со корона вирусот во италијанските области Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања, утрово министерот за здравство Венко Филипче одржа состанок со Комисијата за заразни болести, на која се констатираше дека се подигнува на повисоко ниво степенот на подготвеност за превензија од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Новите мерки ќе бидат дополнително […]

Објавен јавниот повик за финансирање на нискобуџетни авиокомпании

септември 14, 2018

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за доставување на барања за доделување на финансиска поддршка на авиокомпании, информираат од таму. „Финансиската поддршка се однесува за период од 2019-2021 година за воспоставување на нови линии од „Меѓународен aеродром Скопје” и аеродромот “Св. Апостол Павле” во Охрид. Сите заинтересирани компании ќе можат да достават барање […]

„Виз ер“ ќе воведе авиолинија Охрид – Виена

јануари 10, 2018

„ТАВ Македонија“ и ниско-буџетната авиокомпанија „Виз ер“ најавија нова авиолинија од Охрид до Виена од 15 ноември. Летовите ќе бидат три пати неделно, односно секој вторник, четврток и недела со цени на картите од 1.199 денари. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој изјави дека Виена како дестинација ќе биде четврта по ред авиолинија од Охрид што […]

Компанијата „Аркиа“ заинтересирана за воведување на авиолинија Скопје – Тел Авив

ноември 1, 2017

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнал со претставници од авиокомпанијата „Аркиа“ од Израел. На средбата се разговарало за воспоставување на нова линија на релација Скопје -Тел Авив. Министерот Сугарески ги презентирал можностите и условите што државата ги нуди за авиокомпании заинтересирани да оперираат од домашните аеродроми. – Тие ги презентираа плановите за […]

1,6 милиони патници патувале преку двата аеродрома во првите девет месеци

октомври 9, 2017

Вкупно 1,6 милиони патници патувале преку двата аеродрома, „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“, во првите девет месеци од 2017 година, што претставува годишен пораст од 12 проценти споредено со истиот период лани, известуваат од „ТАВ Македонија“. Двата аеродрома од јануари до септември, опслужиле вкупно 13.752 летови, што е зголемување за 6 проценти на годишно ниво. Според […]

На двата аеродроми, зголемен број на патници за 10,5 отсто во однос на лани

септември 15, 2017

Од двата аеродроми во Македонија, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, од јануари до август годинава превезени се вкупно 1.339.065 патници, што претставува зголемување од 10,5 проценти споредено со истиот период лани, информираат од Министерство за транспорт и врски. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во истиот период биле регистрирани вкупно 1.223.630 […]

„Еуровингс“ воведе авиолинија на релација Скопје – Минхен

август 17, 2017

Нискобуџетната авиокомпанија „Еуровингс“ (Eurowings), членка на групацијата „Луфтханза“, ќе воведе нова линија Скопје – Минхен, поврзувајќи го скопскиот аеродром „Александар Велики“ со меѓународниот аеродром во Минхен, „Франц Јозеф Штраус“, информираат од „ТАВ Македонија“. Линијата Скопје – Минхен ќе биде воспоставена од октомври, два пати неделно, односно, секој вторник и петок. Официјалните претставници на авиокомпанијата најавија, најниските […]

Стотина летови откажани на аеродромите во Берлин

март 10, 2017

Повеќе од стотина летови денеска се откажани во Берлин поради штрајкот на службениците на аеродромите поради спорот околу платите. На главниот аеродром „Тегел“ се откажани 455 летови, додека на аеродромот „Шенефелд“ се откажани 204 летови. Синдикатот соопшти дека 2.000 вработени на аеродромот утринава стапија во штрајк, кој ќе трае до сабота, 11 март, до 5 […]

Бурата Дорис ги приземји авионите во Британија

февруари 24, 2017

Бурата Дорис предизвика сериозни проблеми на британските аеродроми, а на интернет се појавија снимки од неволјите со кои се соочуваат авионите при слетување. Како што пишува „Раша тудеј“, ветровите на одредени места достигнуваат брзина и до 160 километри на час. Едно лице загина како последица на невремето. Британските медиуми јавуваат дека жена од Вулверхемптон, во […]

22 отсто повеќе патници на аеродромите во споредба со истиот период лани

август 24, 2016

Во првите седум месеци од годинава, бројката на превезени патници на двата аеродроми во земјава е зголемена за 22,5 проценти во однос на истиот период лани и превезени се 1.008.435 патници, информира Министерство за транспорт и врски. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до јули 2016 година, регистрирани се вкупно 933.130 […]

„Виз ер“ воведува нова линија Скопје – Хановер

јули 19, 2016

Нова линија Скопје – Хановер со два лета неделно, во вторник и во сабота, ќе воведе најголемата нискобуџетна компанија „Виз ер“ од 1 ноември годинава. Со воведувањето на овој лет, „Виз ер“ ќе нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома, во Скопје и во Охрид, а аеродромот во Хановер е 124. во мрежата на […]

Летовите од аеродромите во Истанбул и во Анкара се откажани

јули 16, 2016

Сите летови од аеродромите во Истанбул и во Анкара се откажани, а според информациите на медиумите, војската ги зазела контролните кули. Во Турција вечерва дел од војската се обидува да изврши државен удар, за, како што велат, да го заштитат демократскиот поредок на државата и да ги сочуваат човековите права. "@BBCWorld: Tanks on the streets of […]

Франција го тестира новиот систем за проверка на патници на аеродромите

мај 21, 2016

Франција до крајот на мај на два аердроми во земјата ќе го тестира т.н. „Систем ПНР“ (Passenger Name Record), со податоци за патниците, чија цел е откривање на потенцијално опасни лица, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во Париз. Системот на почеток ќе се користи на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ и на аеродромот во […]

Штрајк на вработените на шест аеродроми во Германија

април 27, 2016

Десетици илјади патници се соочуваат со одложувања летови и со доцнења откако вработените од шест германски аеродроми денеска стапија во штрајк, во пресрет на преговорите за плата кои почнуваат кон крајот на оваа недела, пренесува ДПА. Механичарите, копнениот персонал, вработените во секторот за контрола на безбедноста и пожарникарите денеска штрајкуваат на аеродромите во Минхен, Франкфурт, […]

Страна 1 од 2