fbpx

Француски авиони бомбардираа позиции на ИД

-

Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ле Дријан, денеска изјави дека во нападите на француските борбени авиони на упориште на Исламска држава во сирискиот град Рака, мета биле странски борци кои планирале напади во Европа.

Ле Дријан, за радио „Европа-е“, рече дека бомбардиран е камп за обука и оти „целта е постигната“.

– Тоа беше втор француски напад во Сирија и нема да биде последен – рече Ле Дријан, не објаснувајќи ги наводните планови за напад.

Француското министерство ги критикуваше засилените воени акција на Русија во Сирија, наведувајќи дека 80 до 90 отсто од тие операции не биле против терористичката организација Исламска држава.

Франција се приклучи кон меѓународната коалиција, предводена од САД, за борба против ИД во Ирак и во Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...