fbpx

Имаме три авиони за гаснење пожар, но само еден пилот

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство, велат дека со заминување на двајца пилоти во пензија, кои покрај летечките активности извршувале и раководни позиции, во Одделението за специјализирани услуги со воздухоплови во Дирекцијата за заштита и спасување, дошло до нарушување на функционалноста на системот за управување со безбедноста

-

Дирекцијата за заштита и спасување на почетокот на сезоната на пожари има три авиони ер-трактор, но само еден активен пилот. Двајца се веќе заминати во пензија, а заради започнатиот изборен процес, Државната комисија за спречување на корупцијата нови вработувања не дозволува.

Директорот на Дирекцијата, Беким Максути за Мета.мк потврдува дека оваа институција, клучна за контролирање на илјадници пожари на отворено, кои се случуваат во топлите месеци, има само еден пилот, но негира дека авионите се приземјени. Тој вели дека огласот за вработување на четири нови пилоти ќе се распише веќе следниот ден по изборите, а дотогаш се надева двајцата пензионирани пилоти ќе се вратат на работа.

„Два пати се обративме до ДКСК и добивме негативно мислење за нови вработувања. Заради тоа се обративме до Владата за да ни одобрат да ангажираме двајца пензионирани колеги, кои ќе може да ни помогнат додека се реализира огласот, а потоа и обуката на пилотите. Сепак, сега се соочуваме со уште еден проблем, треба да обезбедиме повисоки плати за пилотите за да се согласат да се вратат“, вели Максути.

Тој стравува дека и огласот за нови вработувања во Дирекцијата нема да биде успешен заради неатрактивните плати кои ги нудат споредено со обврските, бројот на работни часови и ризикот на работата.

Од Владата одговорија дека го разгледале случајот со воздухопловите на ДЗС и заклучиле дека Службата за општи и заеднички работи на Владата нема надлежност за ангажирање на пилоти за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, како и дека ја задолжиле оваа институција, веднаш согласно законските можности, да овозможи непречено извршување на специјализирани операции со воздухоплови.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство, велат дека со заминување на двајца пилоти во пензија, кои покрај летечките активности извршувале и раководни позиции, во Одделението за специјализирани услуги со воздухоплови во Дирекцијата за заштита и спасување, дошло до нарушување на функционалноста на системот за управување со безбедноста, кој треба да е соодветен на големината на операторот, природата и комплексноста на активностите што ги извршува, имајќи ги предвид опасностите и поврзаните ризици со тие активности.

„Агенцијата за цивилно воздухопловство од Одделението за специјализирани услуги со воздухоплови во Дирекцијата за заштита и спасување побара итно да достави корективен акциски план со предлог мерки за отстранување на наодите со цел враќање на функционалноста на одделението пред отпочнување на сезоната на пожари“, велат од АЦВ.

Фактот дека авионите за гаснење пожар не се на располагање во сезоната кога огновите се секојдневие го загрижува и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, институција која ги координира тимовите кои се борат со огнените стихии. Тој вели дека минатата година, која била завршена со околу 2400 пожари на отворено, трите ер-трактори биле од голема помош и благодарение на нив многу пожари завршиле без поголеми штети. Прашува зошто се чекало толку доцна, кога се знаело дека пилотите најавиле дека ќе заминат во пензија.

„Во овој момент ер тракторите на ДЗС се приземјени и не летаат, бидејќи имаат само еден пилот. Се поставува и прашање дали ќе ја задржат дозволата за летање бидејќи има реакции од АЦВ до Владата. Во моментов не можеме да сметаме на поддршка на авионите на ДЗС, иако директорот се обидува да го надмине проблемот. Загрижен сум дека фактот дека нема да имаме авиони лошо ќе се одрази и ќе ни ги зголеми проблемите бидејќи очекуваме топло и суво лето со многу пожари и штетите може да се многу поголеми“, вели Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...