петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: пилоти | 29 резултати

Нема докази дека учесници на СЕФ барале невакцинирани пилоти да ги донесат во Давос

23 јануари 2023

Тврдењето дека богатите елити барале невакцинирани пилоти да ги носат во Давос, во случајов потекнува од интервју со поранешниот пилот Алан Дана, кој раскажува информација од втора рака, којашто наводно му била кажана од основачот на Фридом Флајерс, Џош Јодер. Но, Јодер на Твитер негираше дека некогаш сугерирал дека СЕФ ги бара баш овие пилоти […]

Едукативен саем за млади од областа на воздухопловство утре на Школка

12 ноември 2022

Здружението за подобро воздухопловство Авикон од Скопје утре во Градскиот парк на Школка, во 11 часот отганизира воздухопловно – едукативен саем за млади кои сакаат во иднина да се бават со професии од оваа област. За прв пат овој саем се одржа минатата година. Учество на саемот ќе земат голем број на организации од областа […]

Нема забрана пилотите да работат ако се вакцинирани, поради можност од тромб или срцев удар

27 октомври 2022

Од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), која претставува 290 авиокомпании ширум светот, вклучително и најголемата руска авиокомпанија Аерофлот и најголемата шпанска авиокомпанија Ајбериа, за новинската агенција АФП изјавиле дека не се запознаени дека било која авиокомпанија „размислува да не дозволи патување на вакцинирани патници поради ризик од згрутчување на крвта“. ИАТА пишува дека прашањето […]

Вистиномер: Не е вистина дека смртта кај пилотите се покачила за 1.700 отсто поради вакцинирањето

25 декември 2021

Во објавата се прави манипулација со бројките, односно се презентирани во погрешен контекст и второ неточно се тврди дека причината за смртта на пилотите е вакцинација. Во соопштението од списанието „Air Line Pilot“ велат дека бројките на починати лица кои се наведени дека се случиле во 2019 и 2020 година не се единствените што се […]

Центарот за обука на пилоти стана дел од АРМ

30 декември 2020

Центарот за обука на пилоти, сместен на воениот дел на скопскиот аеродром, од денеска влегува во состав на АРМ. Центарот беше отворен во 2011 година по договор на Министерството за одбрана и израелската компанија „Елбит“, која до денеска управуваше со Центарот. „Со потпишување на финалниот записник за примопредавање од страна на одговорниот претставник на Армијата, […]

Вистиномер: Не постојат никакви пилоти што признале запрашување на население од воздух

29 декември 2020

Дезинформациите за „кемтреилс“ сега се проширија со нова варијанта – дека некакви си уапсени пилоти признале оти запрашувале население со хемиски супстанци и поради тоа три големи европски земји ќе ја тужеле Светската здравствена организација (СЗО). Проверката на факти откри дека такво нешто не постои, уште помалку дека светската агенција Ројтерс емитувала таква вест, пишува […]

Заев: Ветивме пилот – проекти, вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино

9 октомври 2019

Премиерот Зоран Заев, сепак не ветил дека во Арачиново ќе се вработеле 300 пилоти од Арачиново, како што истакна еден од жителите за време на дебатна емисија „Клик плус“ на „ТВ21“. „Во Арачиново ветивме реализација на пилот-проекти и тие заедно со Општината се реализираат. Вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино”, рече Заев […]

„Виз ер“ бара дозвола за работа во Велика Британија поради Брексит

18 октомври 2017

Унгарската нискотарифна авиокомпанија „Виз ер“ аплицираше за дозвола за работа како авионски оператор во Велика Британија, за да биде сигурна дека ќе продолжи да работи и по излегувањето на таа земја од Европска Унија. Во соопштението доставено до Лондонската берза, „Виз ер“ наведува дека ќе основа британска подружница „Виз ер УК“ со база на аеродромот […]

Припадници на Армијата се вклучија во гаснење на пожарот кај Македонски Брод

26 јули 2017

Армијата на Република Македонија се вклучи во гаснење на пожарот во атарот на селото Требовље, општина Македонски Брод, каде беше зафатена шумска површина од околу 200 хектари, информираат од таму. „Два хеликоптери од воздухопловната бригада на АРМ почнаа со интервенција веднаш по барањето за вклучување во акцијата за гаснење и извршените потребни подготовки. Во текот на […]

Нови чистки во Турција, приведени повеќе пилоти

27 октомври 2016

Турското обвинителство побара притвор за 73 пилоти од воздухопловните сили, што е последна во низата акции поврзани со истрагата за неуспешниот воен удар извршен во јули годинава. На мета се најдоа приврзаниците на имамот Фетулах Ѓулен и воздухопловната база во централната турска провинција Коња и уште во 17 провинции. Тие се обвинети за вооружена буна […]

Грчки воен хеликоптер падна во близина на Халкидики

20 септември 2016

Грчки воен хеликиптер од типот „апачи“ се урна утрово во морските води источно од Халкидики. Двајцата пилоти кои управувале со хеликоптерот се спасени и надвор од животна опасност. Инцидентот се случил за време на воена вежба во близина на Врасна. Сè уште е нејасно што точно се случило и го предизвикало падот на леталото. Едниот од пилотите […]

Двајца пилоти на „Јунајтед ерлајнс“ уапсени поради пијанство

28 август 2016

Двајцата пилоти на „Јунајтед ерлајнс“ се уапсени на аеродром во Глазгов под сомнвање дека биле пијани пред да влезат на летот со 141 патник од Шкотска кон САД. Претставници на „Јунајтед ерлајнс“ потврдија дека дваjцата пилоти, едниот 45-годишен, а другиот на 35-годиша возраст, биле уапсени вчера на аеродромот во Глазгов. Шкотската полиција наведе дека се очекува […]

Турција: Пилоти кои го соборија рускиот авион уапсени за учество во пучот

10 август 2016

Шефот на турската дипломатијата Мевлут Чавушоглу соопшти дека пилотите кои минатата година во ноември го соборија рускиот воен авион во Сирија се уапсени поради учество во обидот за воен удар во Турција, изведен на 15 јули. – Пилотите се приведени заради нивното претпоставено учество во обидот за преврат од 15 јули, а не за инцидентот […]

Делегација на МВР оддаде почит на пилотите што загинаа кај Струмица

10 јули 2016

Делегација на Министерството за внатрешни работи, денеска оддаде почит на загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков на спомен-обележјето во аеродромската база Брест во Петровец, соопштија од МВР. Делегацијата на МВР била придружувана од семејствата на трагично загинатите пилоти. Хеликоптерската несреќа се случи на 10 јули 2014 година кај Струмица.

Грчки воен хеликоптер се урна во Егејско Море

11 февруари 2016

Двајца грчки воени пилоти и еден техничар загинаа доцна ноќеска при пад на воен хеликоптер кај островот Кинаро во Егејско Море. Специјалните сили на грчката војска сè уште трагаат по телата на загинатите, а засега сè уште се нејасни причините за падот на хеликоптерот. Хеликоптерот учествувал во ноќна вежба на воената морнарица. Според информациите од Министерството […]

Пилотите и информатичарите најплатени во Македонија

3 февруари 2016

Вработените во воздухопловниот транспорт имаат просечна плата од 68.166 денари, што е највисока во Македонија, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Mеѓу највисоките плати имаат компјутерските програмери, со просечна нето-плата од 50.097 денари, вработените во финансискиот сектор, односно во банките, каде што просекот е 43.740 денари, и во фармацевтската индустрија со плата од […]

НАТО ја одржа најголемата воена вежба во Европа

6 ноември 2015

Денеска завршува најголемата воена вежба на НАТО во последните 13 години, која се одржа во Италија, Португалија, Шпанија, на Средоземно Море и на Атлантскиот Океан, но и во Канада, Норвешка, Белгија и во Холандија. Во вежбата учествувале 140 авиони, 90 бродови и подморници, 36.000 војници, морнари, пилоти од повеќе од 30 земји, меѓу кои и […]

Струмица ќе гради спомен-обележје за загинатите пилоти на МВР

12 јуни 2015

Општина Струмица в понеделник, на седница на Совет, ќе одреди локација на која треба да се постави спомен-обележје посветено на загинатите пилоти на МВР, Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, кои животот го загубија во хеликоптерска несреќа минатата година. Спомен-обележјето е дело на сликарот и вајар Митко Тошев од Струмица. „Висината на […]

„Луфтханза“ ненајавено ќе го проверува здравјето на пилотите

22 мај 2015

„Луфтханза“, под чија закрила работи „Џерманвонгс“, чиј авион се урна кон крајот на март, би можела да воведе ненадејни медицински тестирања за своите пилоти, што би овозможиле да се открие дали редовно земаат антидепресанти. – Ненајавените контролни испитувања за пилотите се можност да се идентификуваат таквите лекови и би можеле да предупредат на евентуални психолошки нарушувања – […]

Се сруши авион на јорданската војска, двајца пилоти погинаа

6 април 2015

Авион на јорданската војска се срушил при рутински лет, а двајцата пилоти загинале, соопшти војската. Портпаролот на војската, полковник Мамдух ал Амири, потврди дека се срушил авионот „фајрфлај“ во просторот за обука на пилоти, но не ја навел причината за падот. Ал Амри навел дека погинале јорданскиот пилот потполковник Ибрахим Хасунех и ирачкиот пилот-приправник Лаит […]

Страна 1 од 2