fbpx

Ковачевски: Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево преку Фејсбук се огласи во врска со францускиот предлог за тргање на блокадата на Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ. Тој уште еднаш потврдува дека Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво...

Просечната нето-плата се искачи на 31.525 денари, во април е зголемена за 10,9 отсто

Во април годинава просечната нето-плата во земјава изнесувала 31.525 денари и истата е зголемена за 10,9 отсто во споредба со идентичниот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување на платите во земјава се должи, пред...

Сарацин: Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации

Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации, и тоа можеби е уште едно стратешки отворено прашање за нас. Ова во интервју за Дојче веле го вели Мануел Сарацин, специјалниот претставник на германската влада за Западен Балкан, кој бара напредок во ЕУ проширувањето...

Одложена седницата на бугарската Комисија за надворешни работи што требаше да го разгледa „францускиот предлог“

Пратениците во Комисијата за надворешни работи денеска гласаа за одлагање на комисиската седница на којашто требаше да се разгледа францусиот предлог за кревањето на ветото за Северна Македонија, пишува mediapool.bg. Одлагањето на седницата го предложи Движењето за права и слободи (ДПС), но беше поддржано од...

Петков инсистира „францускиот предлог“ да помине во парламентот па потоа да се одлучува за ветото

Бугарскиот премиер Кирил Петков не го прифати предлогот на поранешниот премиер Бојко Борисов, владата на Бугарија да го одобри „францускиот предлог“ за кревање на ветото за Северна Македонија пред да помине расправата во парламентот. Претходно, Борисов, кој пред околу две години го постави ветото...

Евидентирани 110 нови случаи на ковид, 18 се реинфекции, нема починати

Во последните 24 часа евидентирани се 110 нови случаи на ковид од направени 894 тестови, информира Министерството за здравство. Од новите случаи 72 се во Скопје, 8 во Битола, во Куманово шест, во Кавадарци, Штип и во Неготино има по четири случаи, Кочани –...

ГЕРБ на Бојко Борисов ќе го поддржи кревањето на ветото за Северна Македонија

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов денеска објави дека неговата партија ќе го поддржи кревањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ, откако претходно неговата партија заедно со другите опозициски партии не се појавија...

Вистиномер: Mажот во сукња и потпетици не е Шарл Мишел

Фотографијата што се споделува на Фејсбук е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Ова е една од  фотографиите споделени на Фејсбук страницата на Пити Уомо со наслов: „Во...

Околу 280 лица загинаа во земјотрес со јачина од 5.9 степени во Авганистан

Oколу 280 луѓе загинале, а стотици други се повредени по земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди источен Авганистан. Земјотресот се случил на околу 46 километри југозападно од градот Хост, кој се наоѓа блиску до границата со Пакистан. Локалните власти...

Русите се приближуваат кон Лисичанск, пара-војската на Донецката република изгубила над половина од војниците

Регионалниот гувернер на Луганската област, Серхиј Гајдај денеска објави дека руските сили се приближуваат до Лисичанск, последниот град кој е под контрола на украинските сили во оваа област, јавува Укринформ. Русите оствариле напредок во околните населени места околу Лисичанск, додека во градот има воздушни...

Објавен конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

Во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, што ќе се одржи во октомври 2022 година, Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавува конкурс за изработка на постер...

Вистиномер: Ненадејната смрт кај возрасните луѓе не е поврзана со вакцината против ковид-19

Не е точно дека вакцинацијата против ковид-19 предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот САДС (синдром на ненадејна аритмична смрт). САДС постои децении пред да се појави пандемијата со коронавирусот и вакцините против ковид-19. Исто така, не е јасно од каде потекнуваат структурите на...

Бугарскиот парламент расправа за гласањето доверба на владата на Кирил Петков, во Софија протести

Во бугарскиот парламент денеска се расправаше за гласањето доверба на владиниот кабинет предводен од Кирил Петков. Расправата веројатно ќе продолжи до утре, а гласањето доверба би се случило в четврток. Ова е прво барање да се изгласа недоверба на владата предводена од Кирил Петков,...

Расте бројот на ковид-случаи, се зголемува и бројот на реинфекции

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 23 реинфекции. Оздравеле 67 заразени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на...

Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема, детално беа презентирани клучните проблеми и главните прашања кои ги засегаат медиумите и медиумските работници. Извршниот директор на ЗНМ Драган...

Со концерт во НОБ, вечерва се отвора 43 издание на „Скопско лето“

Со концерт на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ'С, вечерва во салонот на Националната опера и балет (НОБ) ќе се отвори 43-тото издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022, информираат организаторите. Концертот е под диригентска палка на Тимоти Редмонд, а се одржува на првиот ден на...

Медиапул: Теодора Генчовска ги крие од граѓаните на Бугарија документите за преговорите со Северна Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија (во оставка) Теодора Генчовска (од партијата „Има таков народ“) продолжува да го одолговлекува процесот за излегување од кризата со Северна Македонија. Таа го доставила двостраниот протокол помеѓу Северна Македонија и Бугарија до бугарскиот парламент, но му дала статус...

Летен кампус на Воената академија – студенти и питомци од 16 земји ќе учествуваат на симулирани вежби во поддршка на мирот

Во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска во Центарот за обука „Пепелиште“ беше отворен 11. Летен Кампус на кој учествуваат 90 студенти и питомци од 16 партнерски и пријателски земји, соопшти Министерството за одбрана. На овогодинешниот Летен кампус, учествуваат питомците и студентите од...

Град Скопје деновиве ќе прска против комарци од земја и авионски

Градот Скопје во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци, информираат градските власти. Прскање од земја против возрасни форми на комарци ќе се одвива од среда (22.06.2022 година) до сабота (25.06.2022 година), во периодот...

ЗНМ по говорот на Мицкоски: Политичарите да не омаловажуваат новинари во своите јавни настапи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку соопштение реагира на непримерната комуникација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која јавно се омаловажуваат новинари што известуваат за билатералниот спор со Бугарија. Тој во својот партиски говор на митингот што се одржа во саботата пред Владата...

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос...