Во последните 24 часа евидентирани се 110 нови случаи на ковид од направени 894 тестови, информира Министерството за здравство. Од новите случаи 72 се во Скопје, 8 во Битола, во Куманово шест, во Кавадарци, Штип и во Неготино има по четири случаи, Кочани – три, Прилеп и Гостивар по два, Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци по еден нов ковид случај.
Од вкупниот број на позитивни случаи, регистрирани се 18 реинфекции, а регистрирани сe 42 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот „Мој Термин“, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.132 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.