fbpx

ЗНМ по говорот на Мицкоски: Политичарите да не омаловажуваат новинари во своите јавни настапи

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку соопштение реагира на непримерната комуникација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која јавно се омаловажуваат новинари што известуваат за билатералниот спор со Бугарија.

Тој во својот партиски говор на митингот што се одржа во саботата пред Владата истакна: „Нè лажеа дека не преговараат за јазикот, дека не преговараат за идентитетот, а денес оние платени, за волја на вистината, малкумина владини пера, преку мали колумнички, нè убедуваат дека триумфирале по којзнае кој пат“.

„Укажуваме дека јавното етикетирање на новинарите и на медиумите, посебно од страна на претседатели на политички партии, негативно се одразува на слободата на медиумите и придонесува за цензура и самоцензура“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Вакви јавни наративи директно ги поттикнуваат партиските симпатизери да повикуваат на говор на омраза кон новинари и медиумски работници на социјалните мрежи. Агресивниот говор на омраза и заканите кон новинари може да резултираат и со дела од омраза, со што дополнително може да се загрози безбедноста на новинарите, а со тоа и правото на граѓаните да примаат информации за важни општествени процеси.

„Потсетуваме дека уредничката и новинарската независност е неприкосновена и таа не смее да биде под притисок на политичарите бидејќи на тој начин се влијае јавниот интерес да се претвори во партиски, а тоа да биде на штета на граѓаните и на нивното право на информирање“, велат од ЗНМ.

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично,...
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
udemy free download
download mobile firmware
Free Download WordPress Themes
lynda course free download