fbpx

Политичарите и граѓаните различно си го честитаа Денот на независноста

Положување цвеќе, ветувања за уште подобра иднина, патриотизам и гордост да се биде Македонец. Со вакви зборови беа исполнети честитките на политичарите кои денеска ги упатија кон граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста. Едни зборуваат за тоа како придонеле за подобра иднина...

Сите теми под мраз додека не се избере специјален обвинител

Работните групи на политичките партии за Договорот од Пржино, до 15 септември нема да разговараат за изборните закони и правила, туку целата енергија ќе ја насочат кон прашањето за специјален јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори инволвирани во преговарачките тимови. Партиите се договориле приоритет да...

Неизвесно е обновувањето на пристапните преговори со ЕУ

Рестартирањето на пристапните преговори на високо ниво (ХЛАД) е доведено во прашање поради ќор-сокакот во кој влегоа преговорите за реализација на Договорот од Пржино. - Комесарот Хан планира да ја посети поранешната југословенска Република Македонија на 18 септември за да се запознае со прогресот и со...

Сведочењето на Богоевски за „Маѓар телеком“ ја разбранува ДУИ

ДУИ ќе поднесе соодветна пријава против поранешниот шеф на тајната служба Слободан Богоевски, кој, како што пренесе интернет-порталот „Мејн џастис“ (Main Justice), специјализиран за инсајдерски вести поврзани со активностите на американското Министерство за правда, објави дел од неговото сведочење за поткуп во „Маѓар телеком“, во...

Денеска продолжение на судењето за „Пуч“

Судењето во случајот „Пуч“ денеска продолжува, а на обвинителна клупа треба да седне лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според најавите, тој нема да се појави на судското рочиште. Заев не дојде на суд и на претходното рочиште, закажано на 5 август, а судијката Љубинка Башеска соопшти дека...

Попоски во Луксембург: Македонија очекува третман од ЕУ како кон земја-членка

Потребно е Европа да обезбеди заеднички одговор, бидејќи ниту една земја не може проблемот да го реши сама, со сопствени ресурси, истакнал министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на денешниот неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) и земјите-кандидати за...

Димова: Собраниските комисии ќе бидат отворени за граѓанскиот сектор

Пратеничката група на СДСМ, која пред пет дена се врати во Собранието, ќе ги отвори за граѓанските организации сите седници на комисиите со кои раководат претставници на партијата и на нивните коалициски партнери, вклучувајќи ја и Комисијата за надзор над работата на Управата за...

Пратениците заглавија со прeпукување наместо да изберат потпретседател

На денешната пленарна седница на Собранието, на која треба да се избере потпретседател на законодавниот дом и членови на неговите работни тела, пратениците заглавија околу тоа кој колку сработил и направил. Пратеникот Горан Мисовски од НСДП рече дека демократскиот капацитет на пратеничката група на СДСМ се...

Работни групи: Специјалниот обвинител ги одложи изборните закони

Работните групи на политичките партии за Договорот од Пржино, интензивно преговараат околу изборот на специјален јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори инволвирани во преговарачките тимови. Поради тоа се закочени средбите за изборните закони, кои, според најавите, треба да продолжат денеска во Клубот на пратениците. Според...

Судот си ја брани одлуката за „бомбите“ на опозицијата

По дилемата што се отвори во медиумите и во експертската јавност околу прашањето дали судијата на претходна постапка смеел да интервенира и да ги прогласи за неважечки снимките од „бомбите“ на опозицијата како докази додека предметите се сè уште во преистражна постапка во Обвинителството, од Основниот...

Узунов: Се задолжуваме за да се раздолжуваме

Владата на почетокот на овој месец се задолжи за нови 7,3 милиони евра кај стопанството. Најголем купувач на денарските едногодишни обврзници беа фирмите, кои откупија 63,3 отсто од вкупно понудените 5,5 милиони евра. На почетокот на август задолжувањето изнесуваше 2,2 милиони евра, а во јули 1,6 милион евра. Според...

Специјалниот обвинител во стечај уште пред да биде избран?

Сериозно е поткопан Договорот од Пржино со вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1, кој ги прогласи за неважечки доказите, односно аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против премиерот и неколку министри во Владата. Како што информираат извори упатени во...

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието. Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, рече дека сега е време Собранието да почне да работи на реформските приоритети во интерес на целата земја. - Ние го поздравуваме фактот дека опозицијата сега е вратена во Собранието. Знаете...

МПМ ги намали платите, новинарите излегоа на протест

Новинари од редакциите на трите дневни весници во издание на „Медиа принт Македонија“ („Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“) денеска, точно напладне, излегоа на протест пред просториите на компанијата за да го искажат своето незадоволство и револтот од одлуката на менаџментот да ги намали платите на...

Премиерот ги претрка пленумците

Еден ден пред јавниот собир во Паркот на новинари, кој го организира „Средношколски пленум“, премиерот Никола Груевски во Дојран изјави дека измените во законот за државна матура се одложени за септември 2016 година. При посетата на Дојран, одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Груевски рече дека...

СДСМ утре се враќа во Собрание

Опозициската коалиција, предводена од СДСМ, од утре влегува во Собранието, во согласност со дел од Договорот од Пржино, потпишан од четирите најголеми политички партии на 2 јуни и на 15 јули за надминување на политичката криза. Во меѓувреме, течат разговорите на работните групи, а на 15 септември треба...

Бериша: Федерализација на Македонија е единствена можност за решавање на меѓуетничката криза

Поранешниот претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша тврди дека федерализацијата на Македонија е единствена можност за решавање на меѓуетничката криза. Бериша за весникот „Газета 55“ нагласува дека за да има еден стабилен мир во Македонија, потребно е да има една гарантирана висока регионална автономија...

Заев: До изборите треба да има обвинителни акти

Во моментот се преговара за јавниот обвинител, таканаречениот специјален јавен обвинител, којшто ќе биде надлежен да отвори постапки пред истражен судија и да донесе одлуки за сѐ што е поврзано и сѐ што произлегува од прислушувањето. Тоа им го должиме на граѓаните, преку независен...

УНХЦР: Годинава 300.000 белгалци го минале Медитеранот

Бројот на бегалци и мигранти, кои го минале Медитеранот да стигнат до Европа, надминал 300.000 оваа година, соопшти Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, УНХЦР. Оттаму велат дека тоа е за 219.000 повеќе во однос на цела 2014 година. Повеќе од 2.500 луѓе оваа година...

АРМ: На границата остануваме се додека е потребно

Припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) кои беа распоредени на јужната граница, два дена откако Владата прогласи вонредна состојба поради големиот наплив на мигранти, и натаму остануваат на границата како асистенција на полицијата, велат за „Мета“ од Генералштабот на АРМ. Од ГШ додаваат дека нивниот...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...