УНХЦР: Годинава 300.000 белгалци го минале Медитеранот

Бројот на бегалци и мигранти, кои го минале Медитеранот да стигнат до Европа, надминал 300.000 оваа година, соопшти Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, УНХЦР.

Оттаму велат дека тоа е за 219.000 повеќе во однос на цела 2014 година. Повеќе од 2.500 луѓе оваа година загинале минувајќи го Медитеранот, не вклучувајќи ги околу 200 мигранти кои се удавиле во близина на брегот на Либија во последните 24 часа.