fbpx

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

-

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието. Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, рече дека сега е време Собранието да почне да работи на реформските приоритети во интерес на целата земја.

– Ние го поздравуваме фактот дека опозицијата сега е вратена во Собранието. Знаете дека тоа е дел од Договорот посредуван од Европската унија, кој беше постигнат во јуни и во јули годинава. Многу е важно овој договор да се имплементира. Ние очекуваме Собранието да почне да работи на реформските приоритети во интерес на целата земја – изјави Коцијанчич.

Што се однесува до специјалниот јавен обвинител, Коцијанчич рече дека на ова прашање сè уште се работи и дека очекуваат партиите да ги задржат и да ги имплементираат сите договорени обврски.

– Комисијата, особено комесарот Јоханес Хан, го следи ова одблиску и очекува прогрес и на ова поле – додаде таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...