fbpx

„Средношколски пленум“: И оваа година ќе се бориме против лошите реформи

-

Неколку стотини средношколци се собраа на првиот школски ден пред Министерството за образование и наука, во Паркот на новинарите, да дискутираат за нивните идни планови и стратегии во борбата против, како што велат, лошите реформи во образованието.

11940247_1139970272699140_2041702898_n

Од „Средношколски планум“ велат дека нивните активности ги планирале преку целото лето и дека веднаш ќе ги постават барањата до МОН, а понатамошните активности ќе зависат од министерот за образование. Средношколците додаваат дека ако надлежните се постават игнорантно и направат реприза на минатата година, истото ќе го направат и тие.

– Размислуваме за промена на барањата за концептот на државната матура и ќе бараме рамномерна инволвираност на пленумот во носењето на новиот концепт на државна матура, ќе бараме тој концепт да стапи на сила за оние средношколци што ќе се запишат со неговото донесување. Во поглед на екстерното тестирање, барањата ни се исти – изјави Андреј Битраков од „Средношколски пленум“, додавајќи дека активностите на пленумот ќе зависат од одлуката на мнозинството членови.

На настанот се обратија и претставници од „Студентски пленум“, кој целосно ги поддржува средношколците во борбата против лошите реформи.

Поддршка на средношколците им дадоа и Иван Јованов од организацијата „Младите можат“, кој говореше за младински активизам, новинарот и активист Огнен Јанески и Никола Писарев од „Го сакам ГТЦ“.

За вчерашната изјава на премиерот за одложувањето на државната матура, од „Средношколски пленум“ велат дека не се задоволни од само едногодишно одложување. Велат дека со тоа само се одложуваат проблемите во образованието.

– Ние, како средношколци со висока свест и интелигенција, не сме задоволни со само едногодишно одложување на новиот концепт на државна матура затоа што тоа е само одложување на проблемите во образованието. Затоа ќе работиме и ќе бараме целосно да бидеме инволвирани во носењето одлуки поврзани со средношколците и ќе се бориме против лошите реформи во образованието – велат од пленумот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...