fbpx

Судот ги прогласи за неважечки снимките и доказите од „бомбите“

-

Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое ги прогласи за неважечки доказите, односно аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протоѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски – затоа што биле незаконски прибавени.

Судијата кој ја донел оваа одлука се повикува на Законот за кривична постапка, а барањето за издвојување на доказите како неважечки го поднел адвокатот на дел од обвинетите, Никола Додовски.

„Постапувајќи по барањето на адвокатот, судија на претходна постапка побара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да ги достави сите оформени предмети против наведените осомничени лица и посебно да се произнесе за секој предмет, дали сè уште траат истражните постапки или се завршени, како и во прилог на секој предмет да достави известување дали од обвинителството бил поднесен предлог за издавање посебни истражни мерки за следење комуникации на наведените осомничени лица“, пишува во соопштението на судот.

Од обвинителството до судот доставиле 27 оформени предмети заведени под различни броеви, со прилог електронски записи снимени на цеде, а и транскрипти во секој од предметите, наведувајќи дека за наведените осомничени лица обвинителството нема побарано примена на посебни истражни мерки – следење комуникации –  како и тоа дека истражните постапки во сите предмети сè уште не се завршени, односно обвинителството продолжува со истрагата.

„Постапувајќи по барањето и ценејќи ја единствено законитоста на доказите, без впуштање во содржината на постапката која ја води Јавното обвинителство, а имајќи го предвид писменото известување добиено од ОЈО, судија на претходна постапка го уважи барањето за издвојување на аудиозаписите содржани на цеде и траснкрипти од истите како доказ од списите на предметите“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...