понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: обвинети | 135 резултати

Уште тројца обвинети за несреќата во Грција, ноќта си заминале порано од работа

9 март 2023

Двајца вработени во железничката станица во Лариса кои си заминале порано од работа кобната ноќ и уште еден железнички инспектор што го именувал шефот на станицата во Лариса, се тројцата дополнително обвинети лица за железничката несреќа во Грција, во која на 28 февруари годинава животот го загубија 57 лица, пренесува грчкиот весник Катимерини. Грчките надлежни […]

Условни казни за инцидентите пред Собрание во јули добија уште шестмина обвинети

16 август 2022

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје уште шестмина обвинети за инцидентите, кои на 5 јули се случија пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, добија условни казни. Тие признаа вина за настаните пред законодавниот дом и добија осуда за кривично дело „учество во толпа“. „Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа […]

Судење за „27 април“: Јанакиески бара полиграф, Ристовски не комуницирал со Нинџа, Атанасовски не знае зошто е обвинет

28 мај 2021

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Изјави дадоа поранешните министри за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски. Миле Јанакиески побара да сведочи пред полиграф […]

Три доживотни казни изрече судот во случајот „Монструм“, и две казни од по девет и 15 години затвор

23 февруари 2021

Обвинетите Халил Демири и Африм Исмаиловиќ се прогласуваат за виновни дека го сториле кривично дело тероризам од член 394б став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, и се осудуваат на казна доживотен затвор. Обвинетиот Агим Исмаиловиќ се прогласува за виновен дека го сторил кривично дело тероризам од член 394б став 1 во […]

Сторителите во случајот „Монструм“ се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази, вели обвинителот Јовески

2 февруари 2021

Погрешна е перцепцијата во јавноста дека пресудата во случајот „Монструм“ е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот […]

Порталб: Во петок протестен марш за случајот „Монструм“, откако обвинителката Фетаи обвини 3 лица за „тероризам“

26 јануари 2021

Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, најавија протест во Скопје во петок во 13 часот, откако Обвинителството, на последното судско рочиште ги кажа завршните зборови и со тоа ги обвини дека се виновни за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година, со исклучок на Сами Љута, за кого го повлече обвинението во […]

Седум репатрирани повратници од ИСИС ја признале вината

19 март 2019

Седум македонски државјани, поранешни борци на Исламска држава кои војувале во Сирија, а во август лани беа репатрирани во земјава, денеска ја признале вината, соопшти Јавното обвинителство. „Денеска во Основниот суд Скопје 1 Скопје, на главната расправа при произнесување за вина, седумтемина македонски државјани обвинети за Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, а […]

Судот привремено го замрзна имотот на обвинетите во „Империја“

12 ноември 2018

Специјалното јавно обвинителство побарало привремено одземање на имотот заради обезбедување, а судот определил привремени мерки и забрани за отуѓување и располагање со уделите на фирмите за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката за случајот „Империја“. „Воедно судија на претходна постапка, постапувајќи и по два […]

Обвинетите за насилството во Собранието со поддршка за пратениците кои гласаа „за“

22 октомври 2018

Обвинетиот за насилството во Собранието, Вилијам Михајловски на денешното судско рочиште за настаните од 27 април рече дека сака да даде поддршка за пратениците кои во петокот во Собранието гласаа за пристапување кон уставни измени. Михајловски во име на обвинетите рече дека „им изразуваат поддршка на храбрите пратеници кои гласаа за уставните измени“. Судијката Добрила […]

Сите обвинети негираат вина за „крвавиот четврток“

27 август 2018

Обвинетите за упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, на денешното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но дека не се чувствуваат за виновни. Судскиот процес продолжува на 31 август со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. Како сведоци […]

Министерството за правда почна постапка за екстрадиција на двајца обвинети во „Монструм“

24 август 2018

Од Министерството за правда до Основниот суд Скопје 1 утрово пристигнало писмо со известување дека и официјално е започната постапката за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се наоѓаат во Косово. Во мај судењето за „Монструм“ почна од почеток, откако предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство. Обвинетите за […]

Продолжува судењето за насилствата и упадот во Собранието на 27 април

24 август 2018

Судењето на 33. обвинети за насилствата при упадот во Собранието на 27 април 2017 година денеска е во третото продолжение, а исто како и на вчерашното рочиште, во Основен суд Скопје 1, денеска ќе продолжи давањето воведни говори од адвокатите на обвинетите. Судскиот процес започна во средата кога воведен говор даде обвинителката Вилма Рускоска. Обвинителката […]

Рускоска: Нарачателите за 27 април ќе бидат обвинети кога ќе има цврсти докази

23 август 2018

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април минатата година. Вчера, на првото рочиште, воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите. Во случајот обвинети се триесет и три лица, од кои триесет и едно од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека две […]

Утре почнува судењето за насилството во Собранието на 27 април

21 август 2018

Во Кривичниот суд во Скопје утре во 10 часот почнува нова постапка за упадот и насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Предметот ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска. Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување […]

На 22 август започнува судењето за упадот во Собранието од 27 април

28 јуни 2018

Судијката Добрила Кацарска за 22 август во 10 часот го закажа стартот на судскиот процес за случувањата од 27 април минатата година, кога повеќе лица упаднаа во Собранието при што беа повредени пратеници, новинари и граѓани. „За предметот кој беше оформен по одобрувањето на обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои […]

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на една година затвор

18 јуни 2018

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признале вина, информираат од кривичниот суд. На судско рочиште вина признале обвинетите Васко Цунгаревски и Димитар Попоски за кривичното дело насилство. Цунгаровски, кој е син на екссудијката од Основниот суд Скопје 2, Зорица Цунгаровска, учествувал во насилството во Собранието и според обвинението на Основното јавно […]

Судењето за нападот на Села прекинато откако му се слоши на еден од обвинетите

18 април 2018

Судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април минатата година, денеска беше прекинато откако му се слоши на Никола Војневски, еден од десетината обвинети во овој предмет. На Војневски му се слоши за време на сведочењето на новинарот Горан Трпеновски, по што беше повикана итна медицинска помош. Трпеноски, како втор сведок […]

Само што почна, рочиштето за „Монструм“ се одложи за 15 мај

17 април 2018

Рочиштето за случајот „Монструм“ е одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија. Денешното рочиште, кое беше прво откако СЈО го презеде предметот, беше прекинато на самиот почеток, на што реагираше обвинителката Фатиме Фетаи. Таа истакна дека несериозно е, отсуството на обвинетиот да се правда само со еден […]

Продолжува судењето за нападот врз Села

16 април 2018

Во Основен суд Скопје 1, познат и како Кривичен суд, денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието. На денешното рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникoт на СДСМ, Мухамед Зекири. На минатото судење, […]

Талат Џафери во судница препозна петмина од напаѓачите на Села

10 април 2018

Претседателот на Собранието, Талат Џафери како сведок за обидот за убиство на Зијадин Села во парламентот на 27 април лани, препозна пет од 10-те обвинети, кои на денешното судење во Основниот суд Скопје 1 беа донесени од притвор. Џафери ги посочи обвинетите Стојан Павлески, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошавковски. -Тие беа […]

Страна 1 од 7