вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: обвинети | 135 резултати

Груевски, Јанакиески и Пешевски се изјаснија за невини во случајот „Траекторија“

1 март 2018

Кривичниот суд го одби барањето на поранешниот премиер Никола Груевски „бомбите“ да не бидат докази во случајот со провизии од кинеските автопатишта со што започнаа воведните говори во случајот на СЈО „Траекторија“. Во судницата покрај Груевски присутни се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на […]

Одбраната на Јанакиески бара изземање на вештакот во „Топлик“, оти имал ќерка во СЈО

30 јануари 2018

Одбраната на обвинетите во случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој е осомничен и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бара да се изземе вештачењето на СЈО од доказите, бидејќи ќерката на вештакот работела во СЈО. Адвокатот, Јаким Наумов, рече дека поради оваа околност, постои конфликт на интереси помеѓу вештакот и СЈО. […]

Обвинетите во „Тарифа“ се изјаснија за невини, СЈО бара осудителна пресуда

26 јануари 2018

Обвинетите Дејан Бошковски, Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски во случајот на СЈО „Тарифа“ на денешното рочиште се изјаснија за невини, а обвинителите на СЈО бараат осудителна пресуда. Предметот „Тарифа“ со новиот распоред на судења и е доделено на судијката Софче Гаврилова – Ефремова. Според обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов, доказите ќе докажат дека тројцата обвинети […]

Новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковско езеро почнува на 12 февруари

18 јануари 2018

На 12 февруари во Кривичниот суд е закажан почетокот на новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковско езеро, за кое се обвинети шест лица. Судењето за случајот „Монструм“ ќе го води судијата Огнен Ставрев, а процесот стартува од почеток откако Врховниот суд на барање на Вишото јавно обвинителство ги укина пресудите на Кривичниот и […]

Судењето на напаѓачите на Села во Собранието закажано за 26 јануари

11 јануари 2018

На 26 јанаури Кривичниот суд го закажа почетокот на судењето на напаѓачите на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кои се товарат за обид за убиство. Села беше еден од најтешко повредените за време на насилствата во Собранието од 27 април. Судењето, како што јавува „Телевизија 24“ ќе го води судијката Славица Андреевска. За […]

Во Турција обвинети уште 2.700 државни службеници

24 декември 2017

Во Турција обвинети се уште 2.756 државни службеници поради наводна поврзаност со терористички групи, соопштија денеска турските власти. Владата на Турција соопшти дека меѓу обвинетите се 637 припадници на војската, 360 припадници на жандармеријата, 150 професори и други припадници на академската заедница. По минатогодишниот обид за државен удар во Турција, околу 50.000 лица се уапсени, […]

Кој под истрага, кој без пасош, кој во оставка: Се ситни Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

22 декември 2017

Од вкупно 32 членови на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинети и под истрага на Специјалното јавно обвинителство се пет члена – претседателот на партијата во оставка, Никола Груевски, поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, пратеникот Илија Димовски, пратеничката Даниела Рангелова и поранешниот технички премиер Емил Димитриев. Под истрага на ОЈО за гонење на организиран криминал и […]

„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот „Титаник“ на СЈО, одлучи Апелација

5 декември 2017

Повеќе од 1.000 прислушувани разговори ќе се користат како доказ на судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката на Апелацискиот суд слeди по вчерашната јавна седница во судот, на која се расправаше по жалбата на СЈО на решението на Кривичниот суд од 20 октомври, со кое прислушуваните разговоти, […]

ДУИ ја поздрави одлуката на Врховен суд за случајот „Монструм“

2 декември 2017

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздрави одлуката на Врховен суд за повторно судење на случајот „Монструм“ и за ослободување на обвинетите да се бранат од слобода. „Барањето на обвинителството, како и одлуката на судиите се праведни и во согласност со нашите и со очекувањата на граѓаните. Уште од почетокот на истрагата, и потоа, на судењето […]

ВМРО-ДПМНЕ: Судството под политички притисок ослободи лица обвинети за тероризам

2 декември 2017

Судството под политички притисок вчера ослободи лица обвинети за тероризам, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ослободувањето на обвинетите во случајот „Монструм“. Во партиското соопштение се додава дека „истото тоа судство ги преиначи мерките домашен притвор за актерот Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски и одлучи да ги испрати во истражниот затвор во Шуто Оризари“. „Зоран Заев и […]

Врховен ги ослободи обвинетите за „Монструм“ и им определи други мерки за претпазливост

1 декември 2017

Врховниот суд денеска донесе решение со кое обвинетите во случајот „Монструм“, кои беа осудени на доживотни затворски казни, се пуштени на слобода. На обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и двапати неделно јавување пред Основниот […]

Рочиштето за екстрадицијата на Грујовски и на Бошковски одложено за 13 декември

29 ноември 2017

Судот во Солун за 13 декември го одложи рочиштето за одговор на барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на поранешните функционери во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујовски и Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“, „Тврдина“ и „Тврдина 2“ на СЈО. Рочиштето, кое беше закажано за денеска, е одложено бидејќи […]

Судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО закажано за 19 декември

28 ноември 2017

Почетокот на судскиот процес за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, Кривичниот суд во Скопје го закажа за 19 декември, соопштија од судот. Предметот ќе го суди судијката Верка Петковска, која го судеше случајот за настаните од кумановско Диво Насеље, од 9 и 10 мај 2015 година. „Предметот со КОК бр. 51/17 оформен по одобрување […]

За слободата на обвинетите во „Монструм“ сега треба да одлучува Кривичниот суд

24 ноември 2017

Дали по укинувањето на пресудите на кривичниот и на Апелацискиот суд во Скопје обвинетите во случајот „Монструм“ ќе останат во притвор или ќе се бранат од слобода во текот на повторното судење, ќе одлучува Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1. Ова за „Мета“ го изјави адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од […]

Судењето за „Транспортер“ ќе паузира – Џими мора да оди на тезга во Австралија

6 ноември 2017

Почетокот на главната расправа од судскиот процес за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е поранешниот градоначалника на Битола, Владимир Талески, денеска повторно се одложи бидејќи на рочиштето не дојде обвинетата Анита Ангеловска, која била на боледување. Ова е второ одложување на судењето, откако на претходното рочиште на 28 септември не дојде друга обвинета, поради сообраќајка […]

ДУИ бара меѓународни експерти и сеопфатна истрага за „Диво Насеље“

2 ноември 2017

ДУИ со соопштение информираше дека останува на ставот за „вклучување на меѓународни експерти во сеопфатната истрага за обелоденување на сите нејаснотии за случајот Куманово“, откако денеска во Основниот суд Скопје 1 беа изречени пресудите за обвинетите триесетина лица во случајот „Диво Насеље“. „Судскиот процес и доказите на протагонистите изнесоа на површина дилеми околу организаторите и […]

Седум доживотни и 26 долгогодишни затворски казни добија обвинетите во „Диво Насеље“

2 ноември 2017

Седуммина обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и 10 мај 2015 година добија доживотни казни затвор, 13 обвинети добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, еден обвинет 18 години, двајца по 14 години, двајца по 13 години затвор и двајца по 12 години затвор. Ова се пресудите за 33 обвинети […]

Четворицата обвинети го признаа грабежот во НЛБ, но не открија каде се парите

19 октомври 2017

Четворицата обвинети за милионскиот грабеж во НЛБ, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 го признале кривичното дело, но не откриле што сториле со украдените пари, соопшти Јавното обвинителство. „Тие се изјаснија за виновни, односно дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејства, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на […]

Рочиштето за „Сопот“ повторно одложено, следното закажано на 18 октомври

9 октомври 2017

Денешното рочиште од судењето за случајот „Сопот“ беше одложено, а следното судот го закажа за 18 октомври. Денешното рочиште беше одложено на барање на одбраната на десеттемина обвинети поради промена на судиите во кривичниот совет и поради тоа што обвинението за случајот сега го застапува Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, се согласи […]

Тајните документи од УБК во случајот „Тврдина 2“ се уништувале во тајна база

2 октомври 2017

Предметот „Тврдина 2“ во кој обвинети се ексначалникот на петтата управа, Горан Грујовски, и уште шест вработени во управата, за палење докази за нелегалното прислушување, се одложи за 2 ноември затоа што обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, достави дополнителни материјални докази за случајот. Обвинителката рече дека исказите на сведоците во целост се во согласност со тоа што […]

Страна 2 од 7