вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: обвинети | 135 резултати

Затворено рочиште за „Тврдина 2“ денеска

2 октомври 2017

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, по обвинението на СЈО, кое ги товари поранешниот началник на петтата управа на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујовски, и шест вработени во Управата за уништување опрема за следење комуникации непосредно откако опозицијата во 2015 година почна да ги објавува „бомбите“. Грујовски […]

Судот на 17 октомври ќе донесе пресуда за „Диво Насеље“

28 септември 2017

Основниот суд Скопје 1 за 17 октомври го закажа соопштувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“ за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонската полиција. Денеска се одржа последното рочиште на кое беа изнесени завршните зборови на обвинетите и на нивните адвокати. Обвинетите останаа на барањето дека во […]

Груевски и Мијалков барале од судот да им ги врати пасошите поради службени патувања

20 септември 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, побарале од Кривичниот суд да им ги врати пасошите што им беа одземени како гаранција дека нема да побегнат од земјава поради обвиненијата што против нив ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, објави „Телевизија 24“. Информациите за […]

Рочиштето за „Сопот“ одложено, судијката била на службено патување

18 септември 2017

Рочиштето за случајот „Сопот“, прво откако предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство, е одложено бидејќи судијката, Дијана Груевска-Илиевска, што го води предметот била на службено патување. Судот, го презакажа рочиштето за 9 октомври. Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, изјави дека очекува судењето да почне што побргу, бидејќи веќе неколку години се одложува, но не сакаше […]

Судскиот совет им го одзеде имунитетот на петмина судии обвинети од СЈО

17 август 2017

Судскиот совет на денешната седница, затворена за јавност, донел одлука за одземање на имунитетот на судии. Од Советот не соопштуваат кои се судиите и од кои судови доаѓаат, но како што пренесуваат дел од медиумите, станува збор за петмина судии, обвинети во случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство. Според информациите во медиумите, станува збор […]

Спасовски: Правиме сè што можеме да откриеме каде се наоѓаат Грујовски и Бошкоски

9 август 2017

Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошкоски, вработен во УБК, и понатаму се во бегство, а службите во МВР ги преземаат сите мерки за нивно пронаоѓање, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. – Во однос на двајцата вработени во МВР за кои е поднесено обвинение и кои се во бгество, […]

Обвинителството бара највисоки казни за обвинетите во „Диво Насеље“

20 јули 2017

Обвинителството за организиран криминал и за корупција бара судот да им одреди највисоки казни за 37-те обвинети за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Куманово. Обвинителите Вилма Рускоска и Наум Пановски на денешното рочиште ги дадоа завршните зборови, неколку часа презентирајќи ги анализираните докази за секој од обвинетите, содржани на […]

Пешевски и Латас остануваат без пасоши, Апелација досега ги одби сите жалби на СЈО

17 јули 2017

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, кој е обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, останува без пасош и со обврска еднаш неделно да се јавува во суд. Вака одлучил Апелацскиот суд Скопје по разгледувањето на жалбите на СЈО и на одбраната на Пешевски минатата недела. СЈО до Апелацискиот суд се жалеше на […]

Судот не знае како обвинетите во „Титаник“ дознале кои судии ќе одлучуваат за притворите

7 јули 2017

Обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, барале изземање на еден од тројцата судии од кривичниот совет што одлучуваше по барањето на Специјалното јавно обвинителство да им биде одреден притвор, потврди денеска Основниот суд Скопје 1. Како обвинетите и нивната одбрана дознале кои судии го сочинуваат советот, од судот велат дека […]

Прекинато рочиштето за „Диво Насеље“, отстранети обвинетите што бојкотираа

29 мај 2017

Судијката Верка Петковска го прекина судското рочиште за случајот „Диво Насеље“ поради немање услови за судење. На почетокот на судењето, Петковска соопшти дека се одбиени барањата на одбраната за изземање на обвинителите, на претседавачкиот судски совет, со кој таа раководи, претседателот на Кривичниот совет, Стојанче Рибарев, како и на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. […]

Шилегов: Нарачана, криминална и срамна е пресудата за насилниците во Собранието

23 мај 2017

„Искрено се надевам дека никој кој учествувал во оваа партиски нарачана пресуда, нема да го доживее она што го доживеаја пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство, на нивните работни места да бидат нападнати од толпа, за да знаат дека ваквите пресуди што ги донесоа се криминал, срам и можеби еден од најцрните денови во историјата […]

Судењето за насилствата во Собранието одложено за 23 мај

18 мај 2017

Денешното рочиште со кое требаше да почне судскиот процес против деветтемина обвинети за насилствата во Собранието од 27 април, се одложи бидејќи од куќен притвор во судот не беше спроведен обвинетиот Ангеле Зафировски. Судијката Милка Ангелевска-Васевска, откако констатираше дека не се исполнети условите поради отсуството на Зафировски, рочиштето го презакажа за 23 мај. Во судницата, […]

Почнува судењето на деветтемина обвинети за нападот во Собранието

18 мај 2017

Денеска во Основниот суд Скопје 1 почнува судењето против девет лица за кои Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за насилствата во Собранието на 27 април. Тие се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување службено дејство. На дел од обвинитетите судот им одреди мерки на претпазливост, а четворица од нив треба […]

Местенка, тероризам или криминал: Две години без одговори за акцијата во Диво Насеље

9 мај 2017

И по точно две години  прашањата што се наметнаа уште додека Диво Насеље во Куманово сè уште мирисаше на барут и на чад од дводневната борба помеѓу специјалните полициски сили и вооружената група, остануваат неодговорени. Одговори на клучните дилеми нема ниту по една и пол година судски процеси: Кои биле вистинските мотиви и цели на […]

Јанева: Укажувачи беа и обвинетите во „Пуч“ кои го открија криминалното владеење на една власт

24 март 2017

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во континуитет укажува на потребата од имплементација на препораките на Венецијанската комисија во однос на Законот за заштита на приватноста и на Законот за заштита на укажувачите (whistleblowers), заради проблемите со кои се соочува СЈО, а кои произлегуваат од недоследностите во наведените законски решенија. Ова денеска го изјави специјалната јавна обвинителка, […]

СДСМ: Лагите на обвинетиот Груевски се последица на стравот од соочување со правдата

26 февруари 2017

Никола Груевски цели десет години злосторнички се однесуваше кон Македонија и кон нејзините национални и стратешки интереси, се вели во реакцијата на СДСМ на статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, објавен на „Фејсбук“. Од СДСМ велат дека „Груевски и неговите најблиски соработници ќе одговараат пред институциите на системот за грабежот, криминалот, корупцијата, личните, професионални […]

Груевски и Јанакиески денеска во суд за „шамарите“

22 февруари 2017

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржи ново рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година и нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, […]

Обвинетите во Куманово влегле „да одржат прес за неимплементирањето на Рамковниот“

17 февруари 2017

Политичките проблеми на Албанците и неимплементирањето на Охридскиот рамковен договор била причината поради која кумановската вооружена група дошла во Македонија и во Диво насеље, рече на денешното рочиште првообвинетиот за настаните од 9 и 10 мај 2015 година, Сами Укшини. На прашање Обвинителството, како групата планирала да помогне во имплементирањето на договорот, Укшини рече дека […]

Обвинетите во „Диво насеље“ в петок ќе дадат искази пред судот

13 февруари 2017

Во големата сала на Врховниот суд денеска продолжи судењето против 37 обвинети за настаните во Диво насеље, во Куманово од 9 и 10 мај 2015 година. По рочиштата, кои неколку месеци се одвиваа зад затворени врати, поради сослушување на заштитетни сведоци на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и докази од посебни истражни […]

Во Белград почна судењето за Сребреница

6 февруари 2017

Пред одделението за воени злосторства на Високиот суд во Белград, денеска со читање на обвинението почна судењето за осумтемина обвинети за воени злосторства над цивили во селото Кравица во Босна и Херцеговина за случајот „Сребреница“. На судењето присуствуваат сите обвинeти, поранешни припадници на Специјалната бригада МУП на Република Српска. Според обвинението на Обвинителството за воени […]

Страна 3 од 7