Условни казни за инцидентите пред Собрание во јули добија уште шестмина обвинети

-

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје уште шестмина обвинети за инцидентите, кои на 5 јули се случија пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, добија условни казни. Тие признаа вина за настаните пред законодавниот дом и добија осуда за кривично дело „учество во толпа“.

„Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар, а по ценење на сите олеснителни и отежителни околности, Судот донесе првостепена пресуда со која на четворица од обвинетите им определи алтернативни мерки – условна осуда во траење од две години затвор која казна нема да се реализира доколку во следните четири години не сторат ново кривично дело, а на двајца од обвинетите, кои непосредно пред настанот наполниле 18 години, им определи алтернативна мерка – условна осуда од една година затвор која нема да се реализира доколку во следните три години не сторат ново кривично дело, а воедно им определи и мерка – засилен надзор“, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

Осудените против овие пресуди имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Кон крајот на минатиот месец, условни казни затвор од две години, добија и седуммина обвинети за истото дело – „учество во толпа“, откако и тие признаа вина пред Судот.

Според наодите на судот, обвинетите се гонеа затоа што ја откорнале заштитната ограда на Собранието, од каде со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во кордон за заштита на зградата на Собранието, при што десетици полицајци се здобиле со телесни повреди.

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од...