недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: судска пресуда | 21 резултати

По две години затворски казни за Мијалков и за Тачи за случајот „Титаник 2“

јануари 23, 2023

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, денеска им беа изречени по две години казна затвор за случајот „Титаник 2“. Пресудата беше објавена во Кривичниот суд. Затворски казни од времетраење од две години, им беа изречени и на поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Сашо Срцев и […]

Условни казни за инцидентите пред Собрание во јули добија уште шестмина обвинети

август 16, 2022

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје уште шестмина обвинети за инцидентите, кои на 5 јули се случија пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, добија условни казни. Тие признаа вина за настаните пред законодавниот дом и добија осуда за кривично дело „учество во толпа“. „Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа […]

Алекс Џоунс ќе мора да плати 49,3 милиони долари за ширење дезинформации за масакрот „Сенди Хук“

август 6, 2022

Американскиот теоретичар на заговори Алекс Џоунс ќе мора да плати вкупно 49,3 милиони долари за ширењето дезинформации за масакрот „Сенди Хук“, јавува Би-би-си. Покрај веќе пресудената компезациска отштета од над 4,1 милиони долари, судот во Тексас на контроверзниот радио водител му досуди и дополнителни 45,2 милиони долари како казнена отштета. Компезациската отштета, меѓу другото, треба […]

Седуммина признаа вина и добија условни казни за инцидентите на протестите против францускиот предлог

јули 26, 2022

Условна казна затвор добија седумте млади лица на возраст од 18 до 36 години кои се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело, односно за инцидентите на протестите против францускиот предлог што се одвиваа пред Собранието на РСМ на почетокот на јули годинава. Момчињата признаа вина пред судот, по што судијката им […]

Судот ја ослободи велешанката Пале Иловска

февруари 15, 2022

Судот ја ослободи од обвинение 23-годишната велешанка Пале Иловска, која лани со нож во самоодбрана го усмрти нејзиниот насилен партнер. Таа беше обвинета за кривичното дело убиство во миг. Судијката Габриела Гајдова, во пресудата наведе дека Илоска била доведена во животозагрижувачка состојба, бидејќи во моментот на одбрана била давена и малтретирана од страна на нејзиниот […]

Условна казна затвор за автор на коментар со омраза напишан на Фејсбук-страницата на ЗНМ

декември 29, 2021

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) извести за судска пресуда во корист на здружението. Станува збор за случај кога од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук-страницата на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик […]

Судот во Франција му нареди на Твитер да се справи со говорот на омраза на оваа мрежа

јули 7, 2021

Францускиот суд вчера му нареди на Твитер да им даде пристап на активистите до сите документи во врска со неговите напори за борба против расизмот, сексизмот и сите други форми на говор на омраза што се појавуваат на оваа социјална мрежа, јавува Франс 24.  Шест групи против дискриминација од Франција го дадоа Твитер на суд […]

Наместо пресуда за Мијалков и Алфите за апсењето на Бошкоски, случајот „Тортура“ ќе се суди од почеток

јуни 17, 2021

Наместо пресуда за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на некогашната полициска единица „Алфи“, Основниот кривичен суд во Скопје денеска одлучи да ја преотвори главната расправа во случајот „Тортура“ и закажа следно рочиште што ќе се одржи на 8 јули. „Од сите изведени докази на главната расправа за судот неспорно е дека […]

Доживотна казна затвор за извршителот на двојно убиство и два обида за убиство во Прилеп

февруари 26, 2021

Прилепчанецот Н.П. (52) е осуден на доживотна казна затвор, за двојно убиство и два обида за убиство, што се случија во јануари минатата година, на улица „Александар Македонски“ во Прилеп. Осудениот ја убил својата сопруга и нејзината мајка, а се обидел да ги убие братот и снаата на сопругата. Целата крвава драма се случувала пред […]

Пресуда за Таргет-Тврдина: Мијалков осуден на 12 години затвор, Јанкуловска на 4 години

февруари 26, 2021

За злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и примање награда за противзаконито дејание, на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска му беше досудена затворска казна од 12 години во случајот Таргет-Тврдина кој се однесува на незаконското прислушување на 20.000 граѓани од 2008 до 2015 година во време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ. На […]

За обид за излез од земјава со лажни ПЦР тестови, судот на две лица им досуди условна казна затвор од две години

февруари 25, 2021

Маж и жена, државјани од Косово, фалсификувале ПЦР тестови и прикажувајќи ги како негативни, се обиделе да излезат од државата. Ги очекува условна казна затвор од две години и протерување од РСМ во период од 5 години. За двајцата косовски државјани, Основното јавно обвинителство- Скопје поднесе обвинителен предлог, за кривично дело – Фалсификување исправа од […]

Алексеј Навални доби затворска казна, САД побараа итно ослободување

февруари 3, 2021

Најпознатиот руски опозиционер Алексеј Навални вчера доби ефективна затворска казна, во судски процес што генерално во светот се цени како политичка пресметка на власта со нејзиниот најжесток критичар. На судењето беше проценето дека Навални ги прекршил одредбите за неговата условна затворска казна од три и пол години, со тоа што не се пријавувал соодветно во […]

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот

декември 11, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на тоа што Основниот граѓански суд во Скопје донесе пресуди со кои се одбиваат тужбените барања на новинарката Наташа Стојановска и Душица Мрѓа, кои бараа повреда на нивните права и штета од државата за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Северна Македонија. „Оваа пресуда […]

Судот ја одби тужбата на новинарката Душица Мрѓа против државата за „крвавиот четврток“

декември 11, 2020

Основниот суд Скопје 2 вчера ја одбил тужбата на новинарката Душица Мрѓа против државата поради повреда на правото на слобода на изразување за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Судот пресудил во корист на државата, а образложението за пресудата за „крвавиот четврток“ дополнително ќе ѝ биде доставено на новинарката во писмена форма, напиша […]

Владимир Панчевски осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот

август 4, 2020

Поранешниот претседател на Кривичниот суд-Скопје, Владимир Панчевски е осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, поради рачно доделување на предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Судијката Валентина Ѓорѓиевска од Основниот суд во Велес вечерва ја објави пресудата. Обвинителството го товареше Панчевски за распределба на рака […]

„Телма“ реагира на АВМУ која поднесе жалба на пресудата дека телевизијата не го прекршила изборниот молк

јули 23, 2020

Телевизија „Телма“ реагираше на тоа што АВМУ се жали пред Апелациониот суд за ослободителната пресуда од Основниот суд Скопје 1, кој утврди дека „Телма“ не го прекршила изборниот молк со изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, која беше емитувана на 13 јули. Судот утврдил дека е од јавен интерес и исклучиво во функција на […]

Хаџи-Мишев: „TЕ-ТО“ отвори лажен стечај за да не го плати долгот кон „Топлификација“

јуни 20, 2018

„Топлификација“ АД Скопје ја обвини компанијата за комбинирано производство на топлинска енергија „ТЕ-ТО“ дека покренала стечај сама на себе, за да не го плати долгот кон Топлификација и тоа во период, кога по тригодишен период на лоши финансиски резултати, лани остварува добивка од 8 милиони евра. – Причина за овој судски процес во кој фирмата […]

Страна 1 од 1