Условна казна затвор за автор на коментар со омраза напишан на Фејсбук-страницата на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) извести за судска пресуда во корист на здружението. Станува збор за случај кога од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук-страницата на ЗНМ.

Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не го повтори делото во рок од една година по правосилноста на ова дело.

Тој на Фејсбук страната на ЗНМ на 28.07.2021 година, напишал вулгарен коментар со омраза со следната содржина: „Племе да ви ебем новинарско, пички лажговци задолжителен затвор за секој новинар кој шири паника овие годинаипол, сечење јазик на секој новинар“.

ЗНМ за овој коментар на 16.08.2021 година поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат па компјутерски систем и за предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.