fbpx

Наместо пресуда за Мијалков и Алфите за апсењето на Бошкоски, случајот „Тортура“ ќе се суди од почеток

-

Наместо пресуда за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на некогашната полициска единица „Алфи“, Основниот кривичен суд во Скопје денеска одлучи да ја преотвори главната расправа во случајот „Тортура“ и закажа следно рочиште што ќе се одржи на 8 јули.

„Од сите изведени докази на главната расправа за судот неспорно е дека се случил одреден настан, но во целост не е јасно кој од обвинетите кое дејствие на извршување го презел или каков е тој битен придонес кон извршување на делото имајќи ја предвид правната квалификација на законското битие на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите како соизвршители“, изјави судијката Александра Ристевска, дополнувајќи дека судскиот совет оценил дека е потребно дополнување на постапката и разјаснување на одредени прашања.

Инаку, истрагата за случајот „Тортура“ ја отвори СЈО, а првичното судење за примена на тортура, нехумано постапување и понижување на Љубе Бошкоски почна пролетта 2018 година. Oвој судски процес веќе еднаш беше почнат одново во октомври 2019 година поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште.

По ваквата одлука на судот, обвинителот Љубомир Лапе којшто го води случајот „Тортура“ рече дека е затекнат од денешната одлука на судот кој одлучил да го преотвори случајот. Тој додаде дека очекувал осудителна пресуда за обвинетите лица.

Инаку, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков на 26 февруари годинава беше осуден во случајот „Таргет-Тврдина“ на 12 години затвор, додека на 13 април во случајот „Трезор“ доби 8 години казна затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...